Дел од улица „Коста Абраш“ од понеделник затворен за сообраќај

Охрид, 13. јуни 2019 (ИНПРЕС) – Дел од улицата „Коста Абраш“ од понеделник затворена за сообраќај.

– Поради изведување на градежни зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација, почнувајќи од  понеделник, 17-ти јуни, па во наредниот период, делот на улицата „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со улица „Самоилова“ па се до Долна Порта ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 07:00 до 17:00 часот, информираат од општина Охрид.

Оттаму ги замолуваат граѓаните и учесниците во сообраќајот да се придржуваат до известувањето и да ја почитуваат времената собраќајна сигнализација. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest