Младите од Црвен крст Битола со „Викенд на мртовци“ вечерва на фестивалот „Вдиши театар“

Охрид, 13. јуни 2019 (ИНПРЕС) – По одличното отворање синоќа и бурните и заслужени аплаузи за младинците од охридскиот Црвен крст за изведбата на претставата „Домино“, продолжува програмата на шестото издание на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

Вечерва од 20:30 часот сцената во предворјето на црквата „Св.Софија“ е резервирано за младите од Црвен крст Битола кои ќе је изведат претставата „Викенд на мртовци“.

Утревечер од 20:00 часот настапуваат младите од Црвениот крст од Суботица, Република Србија. Ќе ја изведат претставата „Радован!!!“, по текст на Душан Ковачевиќ, во режија на Бранислав Трифковиќ.

Завесата на шестото издание на фестивалот „Вдиши театар“ се спушта в сабота со две претстави. Од 18:00 часот во центарот за култура „Григор Прличев“ е претставата „Bre Show“ по текст и режија на Александар Шеврт, а ќе ја изведат актерите од Цевен крст Ужице. Од 21:00 часот во предворјето на црквата „Св.Софија“ е претставата „100 za jadnoga – 100 за еден“, по текст на Татјана Џаковиќ, во режија на Лазар Јовичиќ, а ќе ја изведат младите од Црвениот крст од Крагуевац.

Влезот за сите претстави е слободен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest