Скандирање синоќа во Тетово и Струга поради инцидентот на натпреварот во Белград

Тетово/Струга, 15. октомври 2014 (ИНПРЕС) – По инцидентот во Белград, синоќа имало прослави и во Тетово и во Струга, јавуваат македонските интернет портали.

Плоштадите во Тетово и Струга синоќа се наполниле со навивачи кои извикувале пароли во знак на поддршка на албанската фудбалска репрезентација по вечерашниот инцидент во Белград на натпреварот со Србија.

Со развеани албански знамиња и скандирања за Голема Албанија, граѓани на Тетово и Струга до доцна во ноќта на плоштадите го прославуваа инцидентот на фудбалскиот меч меѓу Србија и Албанија во Белград што се случи вчера. Не се забележани поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. (Крај)

извор: Мкд.мк/Плус Инфо фото: архива