Missing image

Фатен малолетник како врши незаконски риболов во Охридско Езеро

Охрид, 15. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Вчера при полициска патрола по Охридското Езеро, полициски екипи затекнале петнаесетгодишно лице како врши незаконит риболов на околу 20 метра од брегот.

По консултација со јавен обвинител, малолетникот е повикан во полициска станица каде во присуство на адвокат за малолетници извршен е разговор и  одземени му се подводната пушка, елек и одело како и други предмети за нуркање.

Во изминатиот период во две акции полициски службеници пронајдоа и одзедоа над 20 рибарски мрежи и околу 50 килограми разновидна риба.

Согласно законот за рибарство и аквакултура, против неколку лица поднесени се прекршочни пријави. (Крај)

извор: МВР фото: архива