Кривична за охриѓанец кај кого е пронајден хероин

Охрид, 16. октомври 2014 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишниот А.Т. од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 4-ти овој месец, полициски службеници извршиле претрес во станот на пријавениот во Охрид, при што се пронајдени околу 15 грама хероин.

Судија во претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. (Крај)

извор: МВР фото: архива