Missing image

Summer Beach Festival од вечерва во Штип

Штип, 8. август 2014 (ИНПРЕС) – И ова лето Angels Cafe во Штип го организира третиот по ред фестивал Summer Beach.

Фестивалот започнува вечерва, а ќе трае до недела, 10-ти август. Вистинско летно доживување со настапи на околу 20 артисти како од странство така и од регионот, пена парти многу коктели, одбојка на плажа цело дневна забава, згодни девојки и мнoгу друго е она што ќе го направи Angels Cafe овие три дена да функционира како вистински бич бар. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива