Missing image

Таткото на убиената Тијана бил уценуван да даде изјава за новинарите

Белград, 8. август 2014 (ИНПРЕС) – Некои медиуми беа брутални во известувањето за несреќата на петнаесет годишната Тијана Јуриќ, рече таткото на убиената девојка, Игор Јуриќ.

Тој истакна дека одредени медиуми дури го и уценувале да им даде изјава, во спротивно немало да ја објават сликата на Тијана.

– Јас нема да ги именувам, но тие кои ме уценуваа добро знаат кои се. Медиумите треба да знаат дека за човек кој живее со болката што повеќе го нема своето дете, не треба да се бори и со други, изјави тој пред новинарите.

Тој рече дека семејството од исчезнувањето на Тијана од 26 јули, поминува низ пекол и објасни дека имаат притисок од сите страни, вклучувајќи ги и новинарите. (Крај)

извор: Б92/Бета фото: новости.рс

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest