Missing image

Тетовчанец ограбил автоперална

Тетово, 8. август 2014 (ИНПРЕС) – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б(35) од с.Јажинце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Во периодот од 17-ти до 20-ти декември минатата година, на подрачјето на Тетово пријавениот со употреба на физичка сила и тврд предмет извршил кражби во автоперална и маркет, од каде одзел антифриз, делови за автомобилска галантерија и 15.000 денари. (Крај)

извор: МВР фото: архива