Missing image

Рио Фердинанд не блеска во КПР

Лондон, 22. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Екипата на Квинс Парк Ренџерс ова лето се засили со долгогодишниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд, кој беше и еден од клучните играчи на Манчестер Јунајтед во последните десет години.

Тренерот на КПР, Хари Реднап, не е задоволен од учинокот на Фердинанд, кој неделно заработува по 35 илјади фунти.

Според пишувањето на англиските медиуми дефанзивецот најверојатно уште во јануари ќе го напушти клубот. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива