петок
25.07.2014
пребарај
архива вести 2009  >  Декември
Годинава, бројот на убиени новинари го достигна рекордот, а за тоа најмногу придонесе масакрот на 30 медиумски работници што се случи во ноември на Филипините.
Новата пратка од 80 илјади дози вакцината против новиот грип А Х1Н1, со задоцнување од еден ден, од Холандија пристигнаа во Македонија.
По четврти пат, на 19 декември во центарот на Прилеп, на плоштадот „Александрија“ пред Параклисот на Свети Никола ќе се слави патронот на градот.
Вечерва во Битола, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одригра јубилејната 50-та претстава „Обѕирни се во гневот“ од Џон Озборн во режија на Јован Ристовски.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши од Скопје денеска ќе ги презентира  Алтернативните извештаи за состојбата со правата на децата во Македонија.
Снег и силен ветер од северен правец,  најавија од Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР).
Денеска во Скопје ќе се одржи резентација  достигнувањата што локалните власти во Македонија ги постигнале во текот на изминатата година.
Неколку грчки синдикати денеска организираат заедничка штрајк, соопшти грчкиот интернет сајт Вести ин.
Политички реваншизам на градоначалникот. Вака осумте вработени во општина Гостивар, кои останаа без работно место во администрацијата ,го окарактеризираа нивното отпуштање од работа.
Шефот на еден наркокартел во Мексико, Артуро Белтран Лејва и четворица чланови на неговиот картел се убиени во судирот со војската. Во акцијата се ранети и тројца војници.
Советот за безбедност на Обединетите нации го продолжи мандатот на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија до крајот на 2012. година, сооштија од светската организација во Њујорк.
На познатата балканска нарко линија, од Турција кон европските земјуи, уште едн богат плен на полицијата.
Во Собранието на Република Македонија пристигна Фискалната стратегија на земјата, за периодот 2010-2012 година. Владата на Република Македонија ја усвои Стратегијата на седницата одржана на 13 декември.
Во Собранието на Република Македонија, денеска заседаваат три матични собраниски тела.
Експертите израчунале дека до 2050. година белците повеќе нема да бидат мнозинска раса во САД.
Од запечатена гробница во една пештера во близина на Ерусалим, археолозите по прв пат ископаал еден современик на Исус Христос и успеаја да докажат дека контроверзното платно од Торино не е автентично, односно во него не било замотано телото на Исус..
Илјадници садници од црн бор, кои требало а бидат засадени во рамките на минатомесечната акција „Засади дрво-засади ја својата иднина“ кај месноста Калеимрово во близина на Штип, се пронајдени фрлени во ендек. Надлежните екологисти во градот, кога им го предочивме скандалот, не знаеја ништо за истиот.
СДСМ откако ги загуби сите аргументи, почна за сопствените грешки и промашени политики да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ, се вели во најновото, од серијата соопштенија на ВМРО ДПМНЕ.
Новинската агенција Асошиетед прес по спроведената анкета меѓу спортски уредници за „Спортист на деценијата“ го прогласи голферот број еден, Тајгер Вудс.
Претставници на американскиот воен врв се наоѓа во Пакистан на разговори со високи официјални лица, вклучувајќи го и генералот Ашрак Кајани за пакистанската ролја во сузбивање на бунтовништвото во соседен Авганистан.
Магазинот Тајм го избра претседавачот на американските федерални резерви Бен Бернанке, за „Личност на годината“ за 2009-та.
Астрономите открија планети налик на Земјата Откритието вклучува три планети кои орбитираат околу ѕвездата Виргинис 61, налик на Сонцето, што е релативно близок сосед, на оддалеченост од околу 28 светлосни години.
Два соседни града, сосема еден до друг, ги дели само една гранична мега, а сепак толку различни. Ел Пасо, сојузната држава Тексас е рангиран за втор најбезбеден град во САД. Но тој е лоциран на оваа страна од границата наспроти еден од најопасните градови во Мексико и во светот - Хуарез.
Груевски името веќе го капарил, тврдат од партијата на Бошковски за кои премиерот ќе биде предавник пред нацијата заради поранешниот став дека името не го менува.
Откривме ваква рбота за првпат.Во овие 5 години не сме имале никаков проблем.
Во Тетово, успешно е реализиран поголемиот дел од програмата за одбележување на празникот Свети Наум Охридски -чудотворец чие име го носи манастирскиот комплекс на зимско рекреативниот центар Попова Шапка.
Според најновите податоци на Регионалниот центар за здравје, Здравствениот дом, Клиничкиот центар и приватните здравствени ординации во Тетово бројот на заболените од грип во тетовскиот крај е во пораст.
Министерот за здравство д-р Бујар Османи, денеска се обрати пред пратениците на Собранието на Република Македонија. Собранието ја отвори  расправата за состојбата со грипот А (Х1 Н1).
Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за транзициски милионери и приватизација, претпоставуваме дека мисли и на Никола Груевски, кој во својата политичка кариера од 1998 година па до сега ја приватизираше ОКТА, македонскиот Телеком, националната платежна картичка и други.
Градоначалникот на Загреб и претседателски кандидат Милан Бандиќ, денеска на колена положи венец пред споменикот на партизанските борци во Брчко.
Следниве примери доволно кажуваат кој го партизира и спроведува непотизам во судството, се огласи СДСМ и ги наведе следниве примери:
Социјалдемократскиот сојуз сака македонските граѓани да забораваат дека токму Бранко Црвенковски и СДСМ ја создадоа и владеат со бизнис олигархијата во Република Македонија.
На два дена пред крајот на самитот во Копенхаген, посветен на климатските промени, претседателот на САД, изјави дека верува во можноста за постигнување компромис, пренесе ББС.
Речиси во целата земја денеска е прекината кампањата за вакцинација на насленеито против новиот грип, поради недостиг на вакцина.
Од годинава Штип ќе го слави 19 декември, односно верскиот празник Свети Никола како ден - Патрон на градот. Таква одлука донесе Општинскиот совет, на предлог на владиката на Брегалничката епархија Иларион и на градоначалникот Зоран Алексов.
Жалиме што прашањето за евентуалните предвремени парламентарни избори Никола Груевски го гледа единствено низ призмата дали некој се плаши или не од нивното одржување.
Најголемиот дел од хотелите на охридската ривиера деновиве се речиси празни. Само вработените и сопствениците и по некој гостин кои се бројат на прсти.
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска имаше средба со македонските иселеници од Данска и Шведска.
Претседателот на Владата и лидер на ВМРО ДПМНЕ денеска уште еднаш повтори дека не планира предвремени избори.
Бројот на невработените во Грција изнесува 442 563 лица во второто тримесечје од 2009 година, објави грчкиот весник "Етнос", повикувајќи се на официјални податоци на Европската комисија.
Одделот за Организиран криминал при МВР до ОЈО - Кочани поднесе кривична пријава против шест лица, од повеќе градови, кои се судии, нотари, стечајни управници, државни службеници и основачи на фирми.
Во минатото меѓу ЈП "Билјанини извори" кое стопанисува со спротските објекти и паркинг просторите, и закупците се направени голем број на штетни договори.
Полицијата приведе непознат маж кој се обидел да влезе во болничката соба на италијанскиот премиер Силио Берлускони, јавија италијанските медиуми.
Заменик - министерот за внатрешни работи на Грција Динос Ровлас поднесе оставка, пишува грчкиот весник "Експрес".
Австралиски суд му одобри условно пуштање на слобода на Чарлс Зентаи, 88-годишен старец кој е осомничен за воени злосторства за време на нацизмот. Унгарија за него веќе има распишано потерница.
Температурата во Канада се спушти на минус 60 степени, а студениот бран се движи кон источниот дел на државата. Во Москва, живата во терометарот се спушти 30 степени под нулата.
Поранешниот директор на АД “Охис“, Јорго Ќука од денеска ја издржува 3,5 годишната затворска казна во затворот во Шуто, на која го осуди Основниот суд 2 поради злоупотреба на службената положба.
Хрватскиот весник Национал пишува дека поранешниот премиер Иво Санадер од актуелната премиерка Јадранка Косор побарал да ја запре антикорупциската кампања.
Полицијата во Делчево поднесе кривична пријава против Б.И.(40) од виничкото село Истибања за сторено кривично дело „недозволено преминување на државната граница“.
СВР Велес поднесе кривична пријава против О.Ц.(25) од Велес за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотична дрога“.
Српски државјанин е осомничен за поврзаност со криумчарењето оружје кое го запленија тајландските власти во авионот кој порано бил во сопственост на компанијата Беибарс. Се работи за Томислав Дамјановиќ, трговец со оружје.
САД повлекоа 800 илјади претходно наполнети инекции против новиот грип, откако тестовите покажале дека дејството им било намалено.
23. годишен градежен работник - монтер, загина при изведување работи во Основниот суд 2, во Скопје.
Во просториите на МВР денес се одржа првата средба меѓу претставниците на Холандската фондација за борба против криминалот со украдени возила, со што практично започна реализацијата на проектот за соработка меѓу МВР на Кралство Холандија, македонското МВР и Фондацијата.
Во Националната установа Завод и музеј - Битола вечерва ќе биде отворена музејска поставка која содржи значајни артефакти.
Собранието ја освои Предлог - програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Македонија за 2010 година.
Рецитал на музичкиот уметник Горан Начевски, баритон, во пијано-придружба на Милица Шкариќ, ќе се одржи вечерва во Музејот на град Скопје со почеток во 20 часот. Организатор е Културно - нформативниот центар.
Договор за економска соработка меѓу владите на Македонија и Косово ќе биде потпишан денеска.
Бадемите се богати со маснотии, но препорачливо е да се конзумираат во помали количини бидејќи се многу корисни за срцето.
Деновиве во Прилеп беа доделени награди за најуспешните општински компании во 2009 година.
Прекумерната бирократија и нелојалната конкуренција се причината поради која инвеститорите се плашат да инвестираат во Косово, оценува приштинскиот весник „Експрес“.
Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и евроамбасадорот Ерван Фуере денеска ќе потпишат финансиски спогодби за четвртата ИПА компонента за развој на човечки ресурси за 2008 година и за програмите за прекугранична соработка со Грција и со Албанија.
Дипломатскиот совет на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска, во 15 часот, одржува седница на тема: „Македонија и нејзината надворешна политика по заклучоците на Советот на министри во Брисел“.
Во периодот од 2010 до 2012 година, руска компанија, треба да изврши модернизација и автоматизација на турбо агрегатите и генераторите на трите енергетски блока во РЕК „Битола".
Министерство за внатрешни работи во никој случај нема да толерира, или да трпи слични активности на криминалото подземје, рече за агенцијата "Фокус" министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов.
Извесен Виктор Рудаков, од руската област Самара, осуден е на 7 години строг затвор затоа што убил жена која му пружила гостопримство да преспие во нејзиниот стан.
Жена и дете биле прострелани вчера во Варна во населбата Виница, јави агенцијата Фокус.
Тензиите околу скопското село Арачиново, кое за време на конфликтот во 2001 беше важна точка за бунтовниците сериозно се покачи, откако македонските специјални сили дојдоа во селото, во обид да ги уапсат Мурат Ајвази, обвинет е за убиство, јави Радио Телевизија Србија /РТС/.
Од денеска и наставниците во Грција се во 24. часовен штрајк, соопшти грчкиот интернет сајт Вести ин.
Грчките фармери од област Килкис (Кукуш) и денеска ќе ја блокираат царинска зона Евзони на грчко-македонската граница, објави електронското издание на грчкиот весник "Навтемборики".
Генералнио директор на грчката телевизија Антена 1 во Белград ги дефинирал преговорите поврзани со лупувањето на Fox Tv Srbija. Грците за телевизијата понудиле едно евро.
Собранието на Република Македонија, денес ја продлолжува 85. седница, со расправа по два закони од информативната дејност.
Без разлика каков ќе биде настапот на следните парламентарни избори, наша задача и должност како најголема опозициска партија е да оствариме соработка и да создадеме широк опозициски фронт.
Во Копенхаген расте загриженоста дека напорите за борба против глобалното затоплување ќе пропаднат доколку разговорите не се интензивираат.
Сенаторите од Демократската партија се сретнаа во Белата куќа со претседателот Обама, во надеж дека ќе постигнат траен договор за мерката за реформи во здравствениот систем, пренесе Гласот на Америка.
Две граѓански групи велат дека комјутерски техничари ги пронашле 22-те милиони електронски пораки од Белата куќа, кои се сметаа дека исчезнале за време на администрацијата на претседателот Буш.
Денеска и утре, во турскиот град Конја, се одржува средбата на министрите за култура на земјите од Југоисточна Европа, на која ќе учествува и зaменик - министерот за култура на Република Македонија Драган Недељковиќ.
Во Охрид, интересот за вакцинација како заштита од новиот грип А (Х1Н1) е задоволителен, вели - раководителот на Заводот за здравствена заштита од Охрид Атанаско Михаилов.
Светските лидери, веќе пристигнаа, или се на пат за Копенхаген, каде се рашава иднината на светот, од аспект на климатските промени.
Бугарскиот културен институт, вечерва во Скопје организира Вапцаров вечер, посветена на 100 - годишнината од раѓањето на големиот, како што се нарекува - бугарски поет, јави агенцијата Фокус.
Деновиве во Охрид се одржува работилница чија цел е препораките на УНЕСКО да влезат во финалната верзија на менаџмент - планот за Охридското Езеро.
Трагање по убавините во различностите на културното наследство е проект на здружението на жени „Престиж“ од Битола и невладината организација „Антигони“ од Солун.
Голем пожар утрово избувнал во продавницата за мебел-штофови, елементи за мебел и репроматеријали "Мармара-турк", сопственост на 42 годишник со иницијали А.А. и А.Д.од Скопје.
По зачестените снежни врнежи на Шарпланинскиот масив, бројот на излетниците и туристите на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка забележливо се зголемува.
Полицијата во Шангај соопшти денес дека уапсила 47 лица и спасила 21 бебе, во еден месец долгата операција на сузбивање на трговијата со деца.
Недолично е политичка партија да коментира судски одлуки и постапки.За СДСМ стана вообичаено да коментира и да протестира кога станува збор за заштита на нивни членови, осомничени за тежок криминал како што е случајот со Владимир Бучковски и Зоран Заев.
Република Македонија во овие три години се искачи од 105 на 71 место во однос на борбата против корупцијата. За прв пат неселективната борба против корупцијата и организираниот криминал доби позитивни оценки и во извештајот од европската комисија.
Сите наводни “адути“ на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во борбата против криминалот и корупцијата стануваат најобична фарса. Македонија станува рекордер во бројот на укинати пресуди на Апелацискиот суд. За само 10 дена паднаа пресудите за Бучковски, Тупурковски и “Змиско око“.
Охридските ВМРО-овци започнаа со лобирања меѓусебе и во централата во Скопје, како да се победи на изборот за ново општинско раководство кое е во тек.
Вкупно 37 новозаболени од свинскиот грип примени се изминатово деноноќие. Станува збор за 14 возрасни и 23 деца, кои  се хоспитализирани во инфективните одделенија во Скопје, информира Министерството за здравство.
о услови кога во цела Европа ќе се патува без визи, хотелиерите треба да понудат поволни аранжмани.
Министерството за внатрешни работи и Царинската Управа вчера открија и документираа уште еден случај на криумчарење мигранти во кои авганистански државјани биле транспортирани од Грција за Македонија.
Речиси и да нема улица во Охрид која не е прекопана, а ретко која фирма по интервенцијата го враќа првобитниот изглед. Од охридската Локална самоуправа најавија дека од следната година изведувачите на прекопите ќе плаќаат дополнителни средства, под име "трајно оштетување" за интервенциите кои ги прават по улиците.
Вчера во 13 часот, лицето М.А. - Муса (21) за кое е издадена потерница за апсење во врска со кривично дело „Убиство“, кој се движел со моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски ознаки, по претходно добиени оперативни информации, бил пресретнат од страна на полициски службеници од ПМЕП БПК заради проверка на документите.
Иако одлуката на Европската унија да ги укина визите за кус престој на граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора стапува во сила во сабота, Бугарија веќе ги укинува визите, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Софија.
Во врска со наводите искажани од долгогодишниот експерт на СДСМ, Сашо Ордановски сакаме да кажеме дека ВМРО ДПМНЕ, не очекуваше да ја пофали Владата, туку го очекуваше она што и се случи со презентацијата на извештајот од неговата организација Транспарентност Македонија.
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(24) од Битола за сторени четири кривични дела „тешка кражба“, од кои една во обид.
ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Р.М.(20) од Прилеп за сторени кривични дела „разбојништво во обид“ и „загрозување на сигурноста“.
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против Д.Б.(28) од струшкото село Ливада, за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Кукавичкиот напад врз италијанскиот претседател Силвио Берлускони, на некој начин ја сплоти нацијата околу него, иако тој и натаму има жестоки противници.
Најмалку половина милион луѓе во БиХ поседуваат нелегално оружје, а само во периодот од оваа година се забележани 453 оружени инциденти во кои смртно страдаа 66 лица.
Догодина во САД ќе се одржи попис на населението. Македонските организации во САД започнаа кампања за едукација на Македонците што живеат во САД за точна регистрација на пописот што ќе започне во јануари 2010. година.
Повеќе од 200 милијарди рубљи (6,6 милијарди долараи лежат „заспани" во најголемата банка во Русија.
Во меѓусебни преметки на наркокартелите во Мексико загинале најмалку 30 лица во северниот дел на земјата, која се граничи со САД, јави АФП.
Во Охрид се одржува работилница посветена на заштитата на природното и културното наследство кое е под закрила на УНЕСКО.
Огромна санта мраз полека се движи кон југозападниот брег на Австралија. Поради потоплата вода таа се подели на стотина помали делови, но сеуште претставува сериозна опасност за пловење во таа зона.
Бројот на зависници од дрога од 1999. година до 2008. година е зголемен за 300 посто, односно од 98 зависници во 1999. година денес бројот на регистирани зависници изнесува 384, јави Тера телевизија.
Дваесет и девет авганистански илегални мигранти се откриени вчера на граничниот премин Богородица.
Бугарскиот културен институт, утревечер во Скопје организира Вапцаров вечер, посветена на 100 - годишнината од раѓањето на големиот, како што се нарекува - бугарски поет, јави агенцијата Фокус.
Република Македонија денеска одбележува редок јубилеј - еден век од поставувањето на првата електрична светилка во Скопје и Македонија.
Заменик-министерот за култура на Република Македонија Драган Недељковиќ, ќе учествува и ќе има свое обраќање на средбата на министрите за култура на земјите од Југоисточна Европа која ќе се одржи утре и задутре во Конја, Република Турција.
Во Музејот на град Скопје, вечерва со почеток во 20,30 часот, концерт ќе одржи еден од виолинистот Климент Тодороски, во пијано придружба на Марија Вршкова. На програмата ќе бидат изведени дела од Крајслер, Бетовен, Шуплевски, Виењавски и Франк.
Филмски маратон со бесплатни проекции на трите филма на македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе се одржи во вторник вечер во Кинотека на Македонија.
Претседателот на Влада Никола Груевски денеска ќе прими висока делегација на француската банка Сосиете Женерал Груп.
Корпорацијата Интел во соработка со Владата на Република Македонија, викендот во просториите на ОУ „Владо Тасевски“ во Скопје започна со обука на над 30 наставници од различни основни училишта, кои ќе стекнат вештини да вршат понатамошни обуки за наставниците ширум земјата.
Собранието на Република Македонија, денес ја продлолжува вчера започнатата 85. седница.
Сали Бериша, актуелниот премиер на Албанија повторно е реизбран на местото претседател на владејачката Демократска партија (ДП).
Извршните директори од некои од најголемите банки во САД ќе се сретнат со претседателот Барак Обама, откако тој го критикуваше нивното работење.
По последните случувања во Брисел, каде Советот на министри на ЕУ на почетокот на неделава јасно го услови датумот за преговри со решавање на спорот со името, во Македонија расте потребата од градење на национален консезус околу иднината на земјата во процесот на европските интеграции.
Во знак на протест поради слабата поддршка за клучниот договор со кој би се намалило испуштањето на штетните гасови во атмосферата, претставници на некои од најсиромашните земји во светот, ја напуштија конференцијата за климатски промениво Копенхаген.
Во Собранието н а Република Македонија, денеска ќе заседава Националниот совет за евроинтеграции, под претседателство на Радмила Шеќеринска, од СДСМ.
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска во Сараево ќе учествува на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на Јадранската повелба.
Масимо Тартаглиа од затворот испрати порака до италијанскиот премиер Силвију Берлускони и му се извини затоа што го удри по главата со фигура на миланската катедрала и притоа му го скрши носот, два заба и му ја расече устата.
Најмалку 24 луѓе, најмногу цивили загинаа, а преку 30 се ранети во оружените престрелки помеѓу државните сили на Сомалија и милитантите во Могадишу.
Вулканот Мајон на Филипините започна да исфрла лава и вистински столбови од пепел високи и до 100 метри.
Властите во Белград преземаат низа конкретни мерки за спречување на брзото ширење на грипот, откако се дозна дека во последните 7 дена, од новиот грип се заразиле нови 75 илјади лица.
Во Србија минатата недела од свински грип заболеле преку 75.000 луѓе или околу 1% од жителите. Починаа две лица, а бројот на починати од новиот грип се искачи на 34, изјави Владимир Петровиќ, член на работната група за пандемијата на грипот во Србија.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска ќе отпатува во данскиот главен град Копенхаген, каде, до 18 декември, ќе учествува на Самитот за килматски промени на ОН.
Вкупниот број на жртвите од последици на новиот грип во Грција се покачи на 51 лице, објави електронското издание на грчкиот весник "Експрес".
Новинарите од сите медиуми, најавија 24 часовен штрајк за 17 декември, соопшти електронското издание на весникот Навтемборики.
Хрватскиот амбасадор во Либија Јован Вејнович е обвинет од Управата за борба против организираниот криминал и корупција за злоупотреба на службената положба, бидејќи им доставил на вработените во амбасадата и на работниците на две хрватски компании во Либија над 5 000 литри алкохол.
Претседателот на Република Македонија  Ѓорге Иванов в сабота, ќе оствари посета на Бугарија по покана на бугарскиот колега Георги Прванов, на денот кога стапува на сила безвизниот режим на Македонија со Шенген зоната.
Донесувањето на законот за старателство на имотот на Македонската православна црква (МПЦ) во Австралија била една од темите за кои разговарале претседателот на претставничкиот дом на Парламентот на Австралија, Хари Џенкинс, и митрполитот преспанско-пелагониски и администратот австралиско-новозеландски господин Петар.
Вкупно 18 пациенти сомнителни за инфлуенца А Х1Н1 хоспитализирани се во последните 24 часа на неколку различни клиники во Скопје.
Како граѓани на овој град, длабоко сме разочарани од она што во петокот се случуваше во Општина Тетово. Прашуваме дали целта на посетата на некои пратеници беше само да глумат загриженост и да земат дневница од народни пари?
На зимско-рекеативниот центар Попова Шапка со булдожер и друга механизација се раскопани дел од најживописните предели во непосредна близина на хотелот Попова Шапка.
Албанскиот премиер Сали Бериша, со одлука на Сенатот на Меѓународниот Универзитет во Струга, е прогласен за „Doctor Honoris Causa“.
Грчките фармери денеска попладне повторно го блокираа граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница.
Заради неодговорното однесување на Владата, Македонија е на добар пат да стане земја која статистички ќе има најголем број на жртви од свинскиот грип, констатираше денеска пратреничката група на СДСМ и поднесе до Собранието на Република Македонија,своја Информација за сосотојбите.
Дваесеттина камери и алармни уреди почнаа да се поставуваат вдолж Националниот парк „Галичица“.Ова е единствен начин паркот да се заштити од оние кои и понатаму без каква било совест фрлаат градежен шут, дотраени апарати за домаќинство и друг вид отпад велат од управта на паркот.
Во здравствените домови и Заводите за здравствена заштита во држвата денеска започна бесплатното вакцинирање за граѓаните против свинскиот грип.
Од 19. декември, граѓаните на Република Македонија ќе треба да имаат по 50 евра за секој ден кој ќе го поминат на територијата на Грција, соопштија денеска од грчката амбасада во Скопје.
И по неизвесноста околу датумот за почеток на преговорите за членство во ЕУ, сонцето во Македонија повторно ќе изгрее, се согласуваат најголемиот број на нашите интелектуалци.
Директорот на Македонски пошти, Ејуп Рустеми, најави дека наредниве денови без проблеми ќе се одвива издавањето на зелени картони на граничните премини во земјава.
И оваа Нова Година Охрид и Струга со богата понуда за гостите од републикава и странство. За цени од 2.000 до 3.000 денари се нуди комплетен дочек со комплетно мени и забава со реномирани групи.
Програмско - промотивниот карван на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска, престојува во Крива Паланка.
Претседателот на Претставничкиот дом на парламентот на Австралија Хери Џенкинс, денеска ќе има обраќање во македонското Собрание.
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски ќе учествува на првата Министерска конференција на Алијансата на цивилизации за земјите од Југоисточна Европа, што се одржува денеска во Сараево, соопшти МНР.
Вооружена криминална група за грабежи по автомагистралата "Тракија" е неутрализирана со специјална полициска операција изминатава ноќ, јави агенцијата Фокус.
Песна посветена на ликот и делото на Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи во самостојна Македонија, му испеа родниот Штип. Песната беше презентиран во големата сала на Народниот театар во рамките на одбележувањето на 77 годишнината од раѓањето на Мијалков.
Здружението на глуви и наглуви од Охрид, викендов на каналот Студенчишта, го организираше Четвртото општинско отворено првенство во дисциплината лов на риба со јадица на пливка, во конкуренција на сениорки и сениори.
Грција во моментов нема потреба да зема кредити и претераниот песимизам е неоправдан, изјави Јоргос Папаконстантину, грчкиот министер за финансии.
Денеска, со почеток во 11 часот во Домот на АРМ во Скопје, ќе се одржи свеченост за доделување на одликувања на припадници од полкот за специјални операции (ПСО) на АРМ за учеството во мисијата ,,Слобода за Ирак“.
Вакцинацијата против новиот грип денеска започна за целото население на Република Македонија. Здравствените власти информираа дека овој пат, освен медицинскиот персонал и ризичните групи, вакцини ќе може да примат и останатите граѓани.
Селските гробишта во селото Удовици во близина на Смедерево се местото на кое се одигра старотен чин во кој осум гробови биле отворени, а сандаците биле отворени.
Грчката организација „Анархистична активности" ја презеде одговорноста за подпалуването на дипломатскиот автомобил на албанската конзулат во Солун, соопшти грчкиот интернет сајт Зугла.
ДУИ нема да поддржи предвремени парламентарни избори. Доколку нема напредок во ЕУ и НАТО интеграциите за шест месеци ќе ги преиспитаме причините за нашиот престој во заедница која всушност не ги реализира и нашите политички цели, порача потпретседателката на ДУИ Теута Арифи.
Раководството на партијата Обединети за Македонија на чело со лидерот Љубе Бошковски, викендов пред тетовци ја промовираа програмската платформа "Европска и демократска Македонија".
Во манастирскиот комплекс посветен на “Св Јован Крстител” продолжуваат активностите за обнова на изгорениот и за изградба на новиот, Источен палат.
Започна зимската сезона на Попова Шапка. Годинава за прв пат на почетокот на скијачката сезона е пуштен двоседот на една од најатрактивните ски патеки во Македонија Цери Пашина.
Вакцинација против новиот грип од утре ќе започне за целото население.
СДСМ продолжува со манипулација на јавноста и пресконференции на кои се даваат нај различни изјави, а притоа се нема елементарно познавање од областа на катастарот.
Полицијата во Чачак соопшти дека во соработка со полицијата во Краљево ги уапси Живорад Б. (61) од градот Трбушан кај Чачак, Феху М. (41) од Мрсаќ кај Краљево и Ивана М. (30) од Земун, осумничени за фалсификување на пари.
СДСМ денеска на прес конференција посочи на катастрофалните случувања во работењето на Агенцијата за Катастар на недвижности на Република Македонија и последиците што граѓаните ги трпат од таквиот хаос. За цели територии на катастарски парцели постојат бројни проблеми со имотните листови кои ги издава Катастарот на Република Македонија.
23 лица, заболени од вирусот А (Х1-Н1) се примени на инфективната клиника но и во другите болници во Скопје во изминативе 24 часа, соопштија од Министерството за здравство.
Наместо спектакуларно најавуваниот Здравко Чолиќ, скопјани на Градскиот плоштад „Македонија“ за дочекот на Новата 2010 година, ќе имаат ретка можност четири дена да уживаат во врвна музика и забава. Ќе настапат Владо Јаневски, Есма Реџепова, Џибони, Прљаво Казалиште и Мањифико.
Најавата за спектакуларна прослава на почетокот на визната либерализација за Република Македонија, закажана за 18. декември на централниот плоштад во Скопје, со главната ѕвезда - Здравко Чолиќ, доби одек во нашата јавност, откако Владата на премиерот Никола Груевски се огради од државниот удел во оваа приредба.
Во присуство на министрите за заштита на животната средина на Република Македонија и Албанија, Неџати Јакупи и Фатмир Медиу, денеска Охридското Езеро беше порибено со 180 илјади парчиња охридска пастрмка. 30 илјади обезбеди мрестилиштето на Хидробиолошкиот завод од Охрид, а околку 150 илјади беа одгледани во мрестилиштето „Лин“ во Албанија.
Сообраќајот на повеќето магистрални и регионални патни правци низ државата во утринските часови се одвива тековно и без забрани во зимски услови, поради слаби врнежи од снег, известуваат од Автомото Сојузот на Македонија.
Косово денеска гласа во вториот круг каде претседателот Сејдиу и премиерот Тачи ќе водат вистинска битка за гласовите во 21 општина во која не се избраа градоначалници во првиот круг.
Соработката помеѓу Македонски пошти и Поштата на Албанија се продлабочува.
Министрите за екологија на Република Македонија и Албанија, Неџати Јакупи и Луфтер Џувели, денеска ќе остварат заедничка средба во Охрид.
Локалниот клуб на млади на СДСМ од Аеродром, денеска ќе организира хуманитарен фудбалски турнир на локалните клубови од Скопје, кој ќе го отвори секретарот на партијата Андреј Петров.
Се одмотува ли клопчето околу проблемите кои настанаа околу македонската енциклопедија? Кој од академиците ќе биде назначен за редактор на новата енциклопедија на која треба да се работи е рано да се каже смета академик Цветан Грозданов.
Би сакала да знам што ќе направи администрацијата на претседателот со кризата во Судан, го „прозва“ убавата Џоли најмоќниот човек на светот - претседателот на САД Барак Обама.
Покрај Вировитица, во селото Резовац утрово соседите пронашле мртва 28-годишна жена во креветот на сопствената куќа, додека во соседниотѕ помошен објект било пронајдено мртвото тело на 21-годишно момче.
56-годишниот Милан Ашанин ја уби својата 44-годишна сопруга Зорица, по што изврши самоубиство.
Утре на Косово се одржува втор изборен круг за локалните избори.Во изборната трка се актуелниот премиер Фатмир Сејдиу и Хашим Тачи.
Настрана фактот дали е праведно или не, не се потребни многу емоции во спорот со името, изјави Словенечкиот премиер Борут Пахор во Брисел, откако обзнани дека и неговата земја имала разбирање за ставот на Грција при носењето на одлуката на Советот на министри на 8 декември за одложување на одредувањето датум за почнување преговори за членство.
Продолжува реализацијата на големите заеднички енергетски проекти помеѓу Бугарија и Русија - "Јужен тек", нуклеарната централа Белене и Бургас-Александрополис.
Нови 36 пациенти со симптоми на  свински грип, од кои 17 се деца, се хоспитализирани во текто на последните 24 часа.
Лидерите на ЕУ се договорија во следните три години да им исплатат 7,2 милијарди евра на земјите во развој за помош во прилагодувањето на климатските промени. Фредрик Рајнфелт, премиерот на Шведска, кој ја соопшти веста, изјави дека сите 27 држави членки ќе издвојат сретства и со тоа Унијата дава свој „адекватен придонес“.
Британец тежок преку 190 килограми паднал на земјата и починал откако паднал од носилата на кои се обидувале да го внесат во амбулантното возило, пренесува „Дејли телеграф".
Грција планира во текот на следните четири години да ги исполни своите должнички обврски и да го намали буџетскиот дефицит под ниво од три проценти на БДП, изјави грчкиот премиер Папандреу.
Посмртните остатоци на Адолф Хитлер ги запалите агентите на КГБ во 1970. година по што ги фрлиле во една река во Грерманија по налог на висок безбедносен чиновник.
Социјалдемократките денеска ќе прослават 10 години постоење на Клубот на жените на најголемата опозициона партија во Република Македонија.
Десет работнички од трикотажата „Рашка“ во Нови Пазар веќе петти ден штрајкуваат со глад и бараат поврзување на работниот стаж, заостанатите плати и отпремнината. Тие се обидоа да се замозапалат, што беше спречено само благодарение на брзата интервенција на останатите вработени.
Лидерот на Демократската партија на Албанците ДПА Мендух Тачи, единствен од поканети лидери на политички партии, не присуствуваше на новогодишниот ручек, со постојаниот претставник на ЕУ во Македонија Ерван Фуере.
Дури 98 проценти од грчките граѓани сметаат дека нивната земја  е корумпирана, покажуваат податоците на Евробарометар, објави грчкиот весник "Елевтеротипија".
Големо количество на фалсификувана стока во петок беше уништена на депонијата Дрисла во Скопје во организација на Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост.
ВМРО ДПМНЕ не може да избега од  одговорноста што во изминативе три и пол години ја претвори МРТВ во мегафон на Груевски и партијата, обвини денеска со писмено соопштение СДСМ, како реакција на пресот на ВМРО ДПМНЕ.
Утре, Социјалдемократките ќе слават слават 10 години  постоење на Клубот на жените.
ВМРО ДПМНЕ како одговорна политичка партија, која го почитува демократското достоинство на човекот и неговите слободи и права, поседува обврската за развој и почитување на принципот на солидарност, рече на денешната прес конференција, Зоран Петрески, Член на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ како политичка партија блиска до граѓаните постојано промовира проекти, предлози и активности кои ќе го подобрат нивниот живот. Тоа се проекти кои и во реалноста ги спроведуваме.
Под мотото „Охрид градот на седумте чуда во европската престолнина Брисел“ на саемот на градови, изминативе неколку дена свое преставување имаше и Охрид.
Вкупниот број на починатите во Република Македонија, како последица на новиот грип А (Х1Н1) се искажи на 14.
Македонската амбасада во Брисел ќе ги помага сите активности кои се поврзани со промоцијата на земјава во Европската Унија, најави македонскиот амбасадор во Белгија Мухамед Халили.
Секоја трета жена во својот живот барем еднаш е жртва на насилство. Околу 70 проценти од случаите на малтретирани жени се извршени од страна на нивните машки партнери.
Во Битрола расте интересот кај граганите да се вакцинираат, како заштита од новиот грип.
Малку е веројатно во австралискиот Параламент наскоро да се покрене иницијатива за признавање на Македонија под уставното име, изјави претседателот на Претставничкиот дом на Комонвелтот Австралија Хери Џенкинс по средбата во Скопје со спикерот на македонскиот Трајко Вељановски.
ВМРО ДПМНЕ, пред да почне да дава правни совети, треба да им објасни на граѓаните како правниците во нивните партиски комитети ќе ги исправат грешките,  неодговорните потези и лошите одлуки на нивните државни функционери.
Утре, напладне, во Струга свечено ќе биде отворена галеријата на икони, сместена во црквата „Свети Ѓорѓи“.
Во понеделник, со почеток во 11 часот во Домот на АРМ во Скопје, ќе се одржи свеченост за доделување на одликувања на припадници од полкот за специјални операции (ПСО) на АРМ за учеството во мисијата "Слобода за Ирак".
Десет години работа за нас претставуваат 10 години искуство и дружење со младите, но и исполнување нивното време и правата кои им се пропишани, велат од Младинскиот совет на Охрид
Владата во Ирска на 9 декември донесе мерки со кои ќе ја намалува дупката во државниот буџет, кои британскиот весник "Фајненшл тајмс" ги оцени како брутални па дури и мазохистички.
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу побара состанок на сите партии во врска со сузбивањето на корупцијата и затајувањето данок, по што во светот ќе се испрати порака дека Грција сака да се исчисти од ваквите незаконски работи.
Состојбата со свинскиот грип во Србија е алармантна. Битката со новиот тип на вирус ја загубија 32 граѓани.
При експлозија на метан во рудник во западна Турција загинаа 19 рудари.
Денеска, со почеток во 13,00 часот, во Центарот за обука во Идризово, со пригодна свеченост, ќе биде промовирана генерацијата приправници за полицајци од учебната 2008/09 година.
Промотивно - програмскиот карван на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска, ќе престојува во Радовиш.
Црна Гора нема да воспостави дипломатски односи со Косово, додека трае процесот пред Меѓународниот суд во Хаг и не се донесе одлука по прашањето на едностраното прогласување на независноста на Косово.
Претседателот на Република Турција Абдула Ѓул престојува денеска во дводневна официјална посета на Црна Гора, јави Радио Телевизија Црна Гора.
Стравичен е билансот од пожарот во рускиот град Перм.
Независното студентско движење - "Слободен индекс јавно ја осуди злоупотребата на студентите за нестудентски настани чија единствена цел е ширењето на говор на омраза“, стои во соопштението до медиумите што го испрати ова движење.
Од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2008 година се реализирани 15 проекти во областа на сточарството. Парите од Програмата беа доделени кон крајот на минатата, а реализирани во 2009 година.
Пакистански официјални лица велат дека петтемина Американци кои неделава беа уапсени, се испрашувани за наводни врски со екстремистички групи.
Во официјалната посета на Република Македонија, денеска престојува претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Австралија, Хери Џенкинс.
Американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс, кој се наоѓа во ненајавена посета на Ирак, ќе се сретне со претседателот Џалал Талабани, премиерот Нури Ал Малики, и со виши американски команданти.
Младински совет од Охрид денеска, со пригодна свеченост, ќе го одбележи скромниот но значаен јубилеј - 10 години од формирањето.
Во изборот на Транспарентност - Нулта корупција, Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северо - западна Македонија, "Охридска банка - Societe Generale Group" го освои сертификат за "Компанија со добро корпоративно управување - 2009".
Собраниската Комисија за транспорт и врски денес својата седница наместо во собраниските сали во зградата на парламентот, во Скопје, ќе ја одржи во просториите на Советот на општина Тетово.
Албанскиот претседател Бамир Топи ги повика турските бизнисмени да бидат активни во инвестициите во земјата, пренесе Анатолската новинска агенција.
Јас го повикувам уште еднаш населението на Република Македонија, а особено лекарите кои први имаат одговорност кон своите пациенти да не ја пренесуваат болеста, што побргу да си ја завршат должноста и да ја примат вакцината, бидејќи тоа е единствениот начин на соодветна заштита во оваа ситуација на пандемиски грип.
Турските сили за безбедност запленија 265 килограми хашиш во провинција Анталија, јужна Турција, соопшти Анатолската новинска агенција.
Илјадници луѓе излегоа на улиците на Осло доцна синоќа, откако американскиот претседател Барак Обама ја прим и Нобеловата награда за мир со говорот, оправдување на војната, јави АФП.
Снимките емитувани на Сител и МТВ, поврзани со поранешниот министер за внатрешни работи и хашки осуденик Љубе Бошковски, добија 11 „матни“ гласа во анкетата "Бистро - Матно" на Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација "Транспарентност - нулта корупција".
Грција не може вечно да го прави тоа што го прави. Така што ние ќе продолжиме со нашите напори, ние имаме јасно зацртана евроатлантска агенда и ќе продолжиме да работиме на тој план, изјави македонскиот премиер во Бон.
Бројот на починатиот од новиот грип  А (Х1Н1) во Грција достигна 40 лица, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на соопштението на грчкото Министерство за здравство.
Подобро и поквалитетно известување за европската интеграција на Македонија. Ова е целта на прирачникот „МКЖЕУ” промовиран денеска, изработен од Европскиот Центар за Европско Образование и НВО Инфоцентарот.
28 годишен полициски службеник од Куманово кој работел во одделението Сопот се самоуби на излезот од Тетово кон Скопје.
Ситуацијата во битолскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ е на точка на вриење, откако дојде до поделба и жестоки обвинувања во локалната самоуправа меѓу највисоките функционери.
Ја разбираме нервозата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кои со сите полуги на власта, закани, уцени и 30.000 привремено вработени партиски војници, не можат ни организирано, со автобуси, да соберат стотина луѓе за протести.
За да се има здрав и сигурен банкарски сектор е прашање од јавен интерес.
Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ, денеска во Њујорк ќе има средба и разгвори со генералниот секретар на ОН Бан Ки мун.
Во изминатиов период, во соработка со делегацијата на ЕК, интензивно се работи на реализација на проектот за реконструкција на вкупно 10 Полициски станици во Македонија.
За жал, Мендух Тачи ги помеша работите - велат од бугарското ВМРО, по повод реториката на опозицискиот лидер Мендух Тачи дека Владата во Скопје сакала да ја носи Република Македонија во Бугарија, а не во ЕУ.
„ВМРО ДПМНЕ енергично ги демантира шпекулациите, инсинуациите и изнесените невистини, кои се пројавија во дел од медиумите, а во кои се истакнува дека наводно ВМРО ДПМНЕ стои позади протестите на студентите, средношколците и граѓаните по повод заклучоците на европскиот министерски совет“, реагираат од Центарот за комуникции на ВМРО ДПМНЕ.
53-годишниот М.П. од Куманово, вчера со сачми повредил 62-годишна сограѓанка.
Д.А.(16), А.Н.(15) и Н.Ц.(16), тројцата од Скопје се виновни за 14 кривични дела „тешки кражби“ извршени на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров.
Од понеделник ќе може да се вакцинираат сите граѓани. За таа цел, Министерството за здравство набави дополнителни количини, нови 80.000 вакцини.
Ги поздравувам нашите македонски соседи, кои по 19 декември ќе можат слободно да патуваат во Европската унија.
Секторот за внатрешни работи од Штип поднесе кривчна пријава против С.И.(18) од Штип за сторени три кривични дела „разбојништво“ и едно „разбојништво во обид.
Интересот кај охриѓани за вакцинирање против новиот смртоносен грип А Х1 Н1 деновиве е зголемен, потврди директорот на Заводот за здравствена заштита, доктор Атанаско Михаилов.
Македонската претстава „Делови“ во кореографија на Рисима Рисимкин е селектирана во најдобрите на најголемиот и најпознатиот саем за современ танц во светот - Танцмесе.
Повеќе од 120 пожари беснеат на југоисточниот дел од Австралија, поради што се евакуирани жителите од неколку австралиски градови.
Брачната двојка која минатиот месец непоканета присуствуваше на официјална вечера во Белата куќа, вели дека доколку биде приморана да сведочи пред конгресна комисија, ќе се повика на 5-от амандман од Уставот на САД.
Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс ги посети американските команданти во Авганистан, уверувајќи ги дека американскиот претседател Барак Обама ќе им даде се што треба да го поразат Талебан.
Генералот на американската армија, Дејвид Петреус, вели дека напредокот против бунтовниците во Авганистан ќе се одвива побавно споредено со операцијата на американските сили во Ирак од пред две години.
Планот за пренос на одговорноста врз авганистанските сили е главниот дел на ревидираната авганистанска стратегија на претседателот Барак Обама. Но тоа не може да се случи доколку авганистанската влада и коалицијата можат да регрутираат, обучуваат и одржуваат војници и полицајци со многу повисока стапка отколку досега.
Светската здравствена организација вели дека е забележан мал напредок во однос на политиката против пушењето. Со законите против пушењето донесени минатата година, беа покриени 5,4 проценти од светското население, што е пораст од преку 3 проценти споредено со 2007-ма година.
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска ќе учествува на 9. Сесија на институцијата "Охридски разговори" во Потсдам, Германија, соопшти МНР.
Стефанија Г. 78-годишна старица од Кочани и 62-годишниот виничанец Петруш К. се двајцата измамници кои им ветувале на стари лица од Штип и Радовиш дека за одреден паричен надоместок ќе им помогнат во добивањето инвалидска пензија.
Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро рече дека ќе биде цинично доколку американскиот претседател Барак Обама одлучи  да ја прими Нобеловата награда за мир.
Министерот за култура Елизабета Канческа - Милевска на денеска, во 13 часот во хотелот „Континентал,“ ќе има свое обраќање на одбележувањето на 60 - годишнината од постоењето и успешното работење на националната установа - Национален конзерваторски центар.
Американскиот претседател Обама, денеска во Сити хол во Осло, ќе ја прими Нобеловата награда за мир.
Американскиот претседател Барак Обама ги повикува членовите на двете главни политички партии во земјата, да соработуваат по мерките за креирање на нови работни места, со цел да се намали нивото на невработеност од 10 проценти.
Колку корупцијата е присутна во Македонија? Ја има од врвот на државата па се до дното. Во тие процеси можно е учеството, меѓу другото, и на новинарите, односно медиумите, и особено во овие денес, да речеме, динамични општествени услови во кои живееме“, коментира за Гласот на Америка на македонски јазик, професорката Весна Шопар.
Старите рани од деведесеттите години на минатиот век и неодамнешниот инцидент со фудбалскиот натпревар во Широки Бријег, не останаа без лузни во хрватско - бошњачките односи.
Институтот “Павел Шатев”, денеска напладне, во скопскиот хотел Холидеј Ин, организира трибина на тема: “Македонија, ЕУ и Името” (Злоупотреба на солидарноста во рамките на ЕУ).
Украина ќе му испорача на Ирак оружје и воена опрема во вредност од 2,5 милијарди долари, пренесе РИА Новости.
Само десет дена откако ја објави стратегијата за зголемување на силите на НАТО во Авганистан, со нови 30,000 американски војници, претседателот на САД Барак Обама ќе ја прими Нобеловата награда за мир на церемонијата во норвешката престолнина Осло, денес, пишува на електронското издание британскиот весник „Индипендент ".
Делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерот Зоран Коњановски, денеска и утре ќе оствари работна посета на Седиштето на НАТО во Брисел, како и официјална посета на Врховната команда на сојузничките сили за Европа во Монс, Кралство Белгија.
По повод 60 годишнината од постоењето и работата на Националниот конзерваторски центар (НКЦ), денеска напладне, во хотелот Континентал, ќе биде промовирана посебна Публикација, на оваа стручна институција - првенец во развојот на севкупната дејност за заштита на културно - историското наследство во Република Македонија.
Водечката светска интернет мрежа „Фејсбук“ од вчера воведе дополнителни опции за поголема заштита на нејзините корисници.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на делегацијата на ЕК, амбасадорот Ерван Фуере, денеска ќе ја посетат полициската станица Кисела Вода.
Со ова, сметаат од министерството за транспорт, ќе се заштитат работниците од злоупотребите на нивните газди, но и ќе се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот.
Денеска во светот се одбележува Денот на човековите права. Современата меѓународна регулатива за слободата и правата на човекот почнува со Повелбата на Обединетите нации во 1945 година.
Меѓународниот ден за борба против корупцијата, 9 декември претставува одлична можност за сите студенти да го искажат своето мислење за образовниот систем со цел да се влијае на јавната свест и да се придонесе за намалување на корупцијата како и на перцепцијата на корупцијата во образованието.
Дали последната Прес конференција на СДСМ треба да  ја сватиме како директен притисок да не заплаши и попречи во извршувањето на судската пресуда со која ЛИНК МЕДИА ПЛУС од општина Охрид треба да наплати долг за новогодишно украсување за 2006/2007 година по основа на  добиен тендер.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на делегацијата на ЕК, амбасадорот Ерван Фуере, утре ќе ја посетат полициската станица Кисела Вода.
На денешната прес конференција на СДСМ беше осуден скандалот со јавните набавки поврзани со фирмата „Линк Медиа Плус“, кои оваа година ќе го организираат дочекот во главниот град.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по вчерашната одлука на Советот на министри на Европската унија, побара  Владата на Груевски да  поднесе оставка, а меѓународната заедница сериозно да ја разгледа можноста за воспоставување на протекторат во Македонија.
СДСМ се служи со ниски удари, кои не доликуваат за сериозна партија.ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со фирмата која СДСМ ја споменува на денешната прес конференција.
Европските лидери, денеска, ден по самиотот на министерите на ЕУ на кој Република Македонија не доби датум за преговори, уште еднаш ја предупредија Република Македонија, дека наредните 6 месеци се не само клучни, туку и судбоносни за иднината на земјата.
Жариштето на новиот грип се спушта од Централна Европа кон земјите на Балканот, каде и Македонија е во опасната зона.
Претседателот на државната агенција "Архиви" Проф. д-р Георги Бакалов се состана денеска со директорот на Државниот архив на Република Македонија Зоран Тодоровски.
Судскиот процес против поранешниот премиер Владо Бучкоски, како и против Васил Тупурковски, поранешен директор на Агенцијата за развој, се вратрени на почеток. Првостепените пресуди против нив ги укина Апелациониот суд во Скопје и ги врати на повторно одлучување во Кривичниот суд.
Навременото спречување сторување кривично или прекршочно дело е основен императив на секоја полиција.
На маргините на конференцијата посветена на развојот на туризмот во Југоисточна Европа која се одржува во Брисел, градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески се сретна со македонските амбасадори во Европската Унија, Мухамед Халили и Дејан Ѓоршески.
Силно невреме зафати десеттина држави во САД. Според метеоролозите невремето ќе се шири од запад кон исток и во наредните 48-часа ќе зафати две третини од американскиот континент.
Светскиот ден за борба против корупцијата е одлична можност да се потсетиме за еден од серијата скандали што Владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ се обиде да го заташка, а деновиве повторно се актуелизира, рече на денешната прес конференција Емилијан Станковиќ, портпарол на СДСМ.
Тројца нови граѓани починаа од вирусот А Х1Н1 во последните 24 часа.
Црениот крст од Охрид во соработка со Факултетот за туризам, Универзитетот за информатички технологии и Службата за трансфузиологија при Општата болница денеска организираа крводарителска  акција.Во просторија на факултетот за туризам крв даруваа повеќе од 30 студенти.
Македонскиот премиер Никола Груевски, последниов месец дена повеќе е надвор, по светските метрополи отколку дома. Последниве два дена, сосема нормално, беше во Брисел од каде одблиску ја следеше дебатата за Македонија во Советот на министри на ЕУ.
Виничанец и кочанчанец се осомничени дека извршиле кривично дело „измама“ и против нив, штипската полиција поднесе кривична пријава.
Студентите од Охрид и денеска излегоа на протести, со кои се вклучија кон иницијативата на Студентскиот парламент на УКИМ и средношколската унија на Македонија да се изрази револтот од одложувањето на датумот на преговорите за влез на РМ во ЕУ.
Утре, со почеток во 12 часот, Институтот Павел Шатев, во просториите на хотелот Холидеј Ин во Скопје, организира трибина , на тема “Македонија, ЕУ и името (Злоупотреба на солидарноста во рамките на ЕУ).
Програмско - промотивниот карван на Социјал демократскиот сојуз на Македонија, денеска, патува за Валандово.
Поранешната југословенска Република Македонија ја надмина Грција по користење на интернет, пишува грчкиот весник "Катимерини".
По повод 60 годишнината од постоењето и работата на Националниот конзерваторски центар (НКЦ), утре напладне, во хотелот Континентал, ќе биде промовирана посебна Публикација, на оваа стручна институција - првенец во развојот на севкупната дејност за заштита на културно - историското наследство во Република Македонија.
Извршниот директор на „You Tube“ изјавил дека популарната веб страница за размена на видео содржини бележи раст на приходите од продажбата на огласи, иако не споменал ништо во врска со остварениот профит.
Документите кои излегоа во јавноста од самитот на ОН за клима, го откриват нетрпението помеѓу индустриските сили и земјите во развој, кое го доведува во прашање постигнувањето нов договор.
Хрватскиот бранител Јосип Загајски кој носејќи пет бомби ја помина границата со цел да направи атентат врз словенечкиот премиер Борут Пахор, денеска ќе се најде на обвинителната клупа во Кршко.
Официјална Атина го искажува целосното задоволство од заклучоците на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во врска со Поранешната Југословенска Република Македонија, објавува грчкиот весник "Експрес".
Грчкиот интеренет весник Ин Њус, објавува информација дека премиерот Јоргос Папандреу вчера веднаш по објавувањето на одлуката на Советот на ЕУ за одложување на одредувањето датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата поради противењето на Грција ,телефонски разговарал со претседателот на македонската Влада Никола Груевски.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи вели дека ќе бидат потребни 20 години пред неговата влада да може да плати за безбедносни сили, доволно силни да се справат со заканата од насилство.
Една идеја е да се намалат даноците за малите бизниси, како и да се намалат давачките за владините заеми за компаниите.
Генералниот секретар на ОН вели дека е „оптимист“ околу можноста на Конференцијата во Копенхаген да се постигне договор за климатски промени, со конкретни предлози за клучни елементи кои итно би стапиле на сила.
Како што и се очекуваше, Советот на министрите на ЕУ, по дводневно заседание одлучи, за евентуален датум за почеток на преговори со Македонија да расправа повторно во текот на наредното претседателство со Шпанија, догодина.
Во рамките на проектот "Антикорупциски мерки во образованието" во соработка со студентските организации ЕЛСА и АЕГЕЕ - Скопје, студентите денеска напладне ќе поставуваат паноа пред ректоратот на Универзитетот "Св Кирил И Методиј".
Околу 45% од испитаниците од Република Македонија изјавиле дека се нашле во ситуација во која биле приморани да платат поткуп за да остварат некое право. Испитаниците изјавиле дека околу 40% од корумпираните институции се екстремно корумпирани.
Министрите за надворешни работи на Европската унија апелираа Ерусалим , во рамките на мировниот „пакет“, стане главен град на Израел и исната Палестинска држава.
Средношколската унија на Македонија, денеска ќе се придружи на мирниот протест организиран од страна на Студентскиот Парламент на УКИМ со почеток во 12 часот пред канцеларијата на Европската Унија во Скопје.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, на денешната прес конференција одговораше на новинарски прашања.
Средношколската унија на Македонија, утре ќе се придружи на мирниот протест организиран од страна на Студентскиот Парламент на УКИМ со почеток во 12 часот пред канцеларијата на Европската Унија во Скопје.
Сосема очекувано, Европската Унија денеска за шест нови месеци го одложи решавањето на датумот за преговори за Република Македонија. Од први јануари Шпанија че претседава со Унијата и во овој мандат се очекува да се случи исчекор, кој подразбира компромис помеѓу инволвираните страни.
Денес во Брисел Република Македонија не доби датум за почеток на преговорите. Тоа е уште еден неуспех и пропуштена шанса во процесот на нашите Евро-атлантски интеграции.
ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповед им го честита денешниот голем христијански и државен празник, Свети Климент Охридски.
ВМРО уште пред половина година, кажа дека Македонија не е подготвена и не може да ги исполни ниту еден од критериумите за членство во Европската унија (ЕУ).
Без конечен договор останаа разговорите во Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ за позицијата на Унијата по две прашања, кои директно ја засегаат  Грција, пишува грчкиот весник "Катимерини".
Под мотото „Охрид - градот на седумте чуда", нашиот најголем туристички центар денеска во хотелот „Ренесанс" во Брисел имаше свое претставување на Саемот на градови.
Најмалку осум ученици загинаа, а 26 се повредени во човечко стампедо кое се случи на скалите во приватно средно училиште во градот Ксијанксијанг.
Премиерот Никола Груевски упати честитка до Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, Поглавар на Македонската православна црква, Архиепископ Охридски и Македонски, по повод денешниот христијански празник Св. Климент Охридски.
Бројката од 2.770 заболени од грип за една недела или 12.500 досега не е доволна причина за предвремен распуст на учениците.
Во болниците во Перм,  синоќа починале уште четири лица кои натрадаа во пожарот во ноќниот клуб, ноќта помеѓу петокот и саботата. Бројот на жртвите се искачи на 117.
Меѓународен товарен воз кој превезувал 417 тони експлозив останал заробен на железничката станица Ресник во предградието на Белград, заканувајќи и се на сигурноста на граѓаните.
Охрид денеска скромно и без свечена седница го одбележа патрониот празник на градот.
Денеска околу 6 часот и 40 минути на улицата „2-ра Македонска Бригада“бб во Скопје, во бензиската пумпа на „Макпетрол“, две лица маскирани од кои едниот вооружен со огнено оружје - пиштол непозната марка и калибар, извршиле разбојништво над вработениот В.Т. (1949) од Скопје.
Завчера во времето од 20 до 21 часот во велешката населба Градско, во куќата сопственост на 74-годишна жена, засега непознат сторител извршил силување и разбојништво врз истата.
Вчера околу 13.35 часот во Скопје на ул.“Џон Кенеди“бб, во дворот на ДСУЦ „Цветан Димов“, додека Џ.А.(1993) од Скопје, седел со неговите другари, дошле три непознати лица кои зборувале албански и извадиле огнено оружје - пиштол непозната марка и калибар и метална палка.
Нешто слично, или пак пресликано од Букурешт - кој како милува, Грција повторно ни ја крои капата. Нашите јужни соседи се противат во заклучоците на Советот на министрите на земјите членки на ЕУ, да бидат поставувани какви било временски рамки за старт на преговорите без претходно решавање на спорот за името.
Иранската полиција се судри со демонстрантите во Техеран, додека опозиционите поддржувачи се собраа на анти-владини протести одбележувајќи го иранскиот Национален ден на студентите.
Google најави воведување на нова опција во својот пребарувач, со што се обидува да биде чекор пред неговите најгоелми потенцијални конкуренти во иднина како што се Facebook и Twitter.
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер го погоди утрово околу 6:15 часот по локално време северниот дел на Малави, по кој уследија уште неколку послаби потреси на истото подрачје.
Претседателот на Србија Борис Тадиќ, министерката на младина и спорт Снежана Самарџиќ - Марковиќ и претседателот на Собранието на Белград Александар Антиќ се казнети со по 40.000 динари заради пиење на шампањ после натпреварот Србија - Романија.
Времето денеска ќе биде сончево и претежно тивко со умерена облачност. Дневната температура ќе се движи во интервалот од девет до 16 степени.
Светиклиментовите чествувања продолжуваат денеска во 11 часот со полагање свежо цвеќе пред споменикот на светецот на градскиот плоштад во Охрид.
Британскиот милијардер Ричард Бренсон во понеделникот промовираше летало за туристички патувања во вселената што би започнале уште во 2011 година.
Алијансата и официјално ја вклучи Црна Гора во Акциониот план за членство, 10 години откако НАТО ја бомбардираше оваа држава на Јадранското море. 28-те земји-членки на НАТО ја пофалија Црна Гора за досега спроведените реформи.
Американски уметници и политичари во неделата се собраа во чест на петмина уметници од земјата на прием во Белата куќа, по што уследи доделувањето на наградите на Кенеди центарот.
Претседателот Барак Обама ги повика сите Американци да го одбележат денот на сеќавање, на 68-та годишнина од јапонскиот воен напад врз американската морнаричка база во Перл Харбор, на Хаваи.
Hајголемата меѓународна конференција за климатски промени во светот започна во Копенхаген. Учесниците од преку 190 земји ќе работат на изготвување на нов договор за прекин на глобалното затоплување.
Од 9 до 11 декември ќе биде отворен 7-от меѓународен саем на финансии, деловни можности и економски развој Финекспо на кој ќе се претстават бројни финансиски институции, банки, осигурителни компании, какои компјутерски компании кои се занимаваат со софтверски инженеринг.
Не стивнуваат немирите во Грција. Група грчки студенти вечерва го запоседнале ректоратот на универзитетот „Аристотел“ во Солун, на денот кога грците се сеќаваат на 15 годишното момче, кое беше застрелано од полицијата минатата година.
Меѓународен фестивал на подводниот филм ќе се одржи во Белград по 13-ти пат, од 12. до 14. декември.
Најмалку седум војници се убиени во нападот на непознати лица на касарната во северната турска провинција Токат, јави новинската агенција Анадолија.
Хрватскиот тенисер Данијел Чрниќ викендов 19 часа играше тенис, со што постави гинисов рекорд за да собере сретства и да го спаси животот на петгодишната кавадарчанка Мартина, која подолго време се лекува од леукемија на клиниката за детски болести во Скопје.
Проблемите на жителите и безбедносните појави и настани на територијата на општина Маврово-Ростуше ќе ги третира локален Совет за превенција.
Безмалку сто невработени лица од тетовско нашле вработување во изминативе два месеци, покажуваат официјалните податоци од Агенцијата за вработување на РМ.
Бројот на починатите од новит грип во Република Македонија се искачи на седум, откако во Скопје, почина 25-годишниот пациент, хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.
Денеска на состанок во Брисел, Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе разговараат за идното проширување на Унијата. Дали на Република Македонија ќе и се повтори Букурешт?
Во Република Македонија и натаму расте бројот на заболените од новиот грип.
Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ, во Брисел ги разгледале заклучоците во врска со Република Македонија, за добивање датум за преговори.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Р.(21), А.Р.(29), А.Г.(18), Б.П.(22) и Т.И.(22), сите од Битола за сторени кривични дела „насилство“ и „напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.Ш.(38) од Битола, основач и управител на Агенција за обезбедување на имот и лица „Р-Конзул-М“ ДООЕЛ Битола за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правото од социјално осигурување.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С.(23) од струмичкото село Баница за сторено кривично дело „телесна повреда“ и „противправно лишување од слобода“.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.О.(19), Е.Б.(18) и Х.Х.Е.(30) сите од Кочани за сторено кривично дело „разбојништво“.
Полицијата во Кратово поднесе кривчна пријава против кратовчанецот Д.М.(26) за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Скандал околу одбележувањето на патрониот празник на градот. По објавувањето на веста дека традиционалната свечена академија ќе биде заменета само со свечена седница, денеска од Локалната самоуправа најавија дека нема да има ниту свечена седница, на која според најавите, требаше да се доделат наградите и повелбите на годинешните добитници.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, во Прага, на маргните на рамките на 8-от Конгрес на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), се сретна со претседателот на Бугарската социјалистичка партија и поранешен премиер на Република Бугарија, Сергеј Станишев.
Бројот на жртвите од новиот грип А/H1N1 во Грција, се покачи на 32, објави грчкиот интернет сајт "Вести ин".
Грчкиот весник "Македонија", повикувајќи се на информации на шефот на канцеларијата на американската служба за борба против дрогата во Грција Џорџ Пападопулос, тврди дека Грција е главен коридор за кокаин и хероин кон Европа.
Грчкиот весник "Имерисија" пишува денеска дека Турција и даде поддршка на Поранешната југословенска република Македонија за спорот со Атина за името и за нејзината евроатлантска перспектива.
Пропотивниот програмски карван на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска е во Кратово.
Бугарија е заинтересирана за стабилноста на Република Македонија како држава и за нејзиното учество во интегративните процеси, меѓутоа добрососедските односи се важен услов за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов се вмеша во спорот за името помеѓу Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија и за пристапувањето на Скопје кон ЕУ, објави грчкиот весник "Македонија".
Бугарите денеска ја одбележуваат 100 годишнината од раѓањето на Вапцаров.
Во сите православни храмови во Канада се одржа панихида за загинатите Македонци во двете балкански војни и во граѓанската војна во Грција.
Работилница со членовите на општинските изборни комисии ќе се одржи денеска во хотелот „Холидеј Ин “ во Скопје.
Охрид денеска и утре, со низа манифестации го одбележува Патрониот празник - 8 декември, Денот на Св. Климент Охридски, кој истовремено, утре е и државен празник.
Грчкиот весник "Етнос" објави строго чувани тајни документи на грчкото Министерство за надворешни работи, кои откриваат дека поранешниот министер за надворешни работи Дора Бакојани отстапила од националната црвена линија во спорот за името.
Во данската метропола Копенхаген, од денеска до 18 декември ќе се одрижи долго најавуваниот и грижливо подогтвуван еко-самит, на кој ќе учествуваат делагите од 190 земји.
Најмалку две лица се сериозно повредено во серијата потреси кои синоќа го погодија северот на Малави, соопштија локалните власти.
Викендов во Охрид, два паралени процеси, сврзани со трагедијата на бродот „Илинден“ кој потона на 5 септември во Охридското езеро, однесувајќи во смрт 15 туристи од Бугарија.
Делегација на општина Охрид на чело со градоначалникот Александар Петрески од денеска е во Брисел каде ќе земе учество на Европскиот саем за презентација на градовите, кој се одржува во рамките на Самитот на Европската унија.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски, денеска и утре, ќе учествува на осмиот Конгрес на Партијата на европски социјалисти, кој ќе се одржи во Прага, Чешка Република.
Преку 100 најмоќни светски лидери од денеска во Копенхаген ќе разговараат за заедничките обврски во борбата против климатските промени, финансирањето на новите активности, како и за чекорите кои треба да го наследат протоколот од Кјото кој истекува во 2012 година.
Вакцините против новиот грип во Србија ќе бидат дистрибуирани до Здравствените домови, но остануваат во карантин до комплетното завршување на тестирањата од страна на Агенцијата за лекови и медицински сретства на Србије.
Заводот и музеј од Охрид денеска на свечен начин и ја предаде Куќата на Уранија во владение на Македонската академија на науките и уметностите. Клучот го прими, претседателот на Академијата, академик Георги Старделов.
Конечно е комплетно обновен еден исклучително значаен културен споменик со запазени елементи од нејзината фасада и обновен ентериер. Денеска свечено ќе биде отворена куќата на Уранија во Охрид.
Истражниот судија при Општинскиот суд во Јагодина му одреди притвор до 30 дена за Д.А. (24) од Јагодина поради фалсификовање на евра и долари.
Наставата во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга повторно се изведува во мешани смени, на инсистирање на претставниците на меѓународната заедница во Република Македонија, пред се на евроамбасадорот Ерван Фуере и американскиот амбасадор Филип Рикер.
Министерството за внатрешни работи даде зелено светло на иницијативата на Народниот правобранител за да се продолжи рокот за замена на старите лични карти со нови.
Синоќа во Атина во нередите по повод една година од убиството на 15-годишното момче од страна на полицаец се уапсени петмина Италијанци и седуммина Грци, а приведени се повеќе од 50 млади луѓе. Тие фрлале камења врз полицијата и кршеле автомобили во центарот на градот.
Руските власти уапсија пет луѓе како осомничени за подметнување на пожарот во ноќниот клуб во рускиот град, Перм.
Денеска Романија во вториот изборен круг ќе се обиде да го добие новиот претседател. Во игра се актуелниот претседател Трајан Басеску како и лидерот на Социјалдемократската партија (ПСД) Мирчеа Џоана
98 лица кои загинаа на лице место и уште 11 кои им подлегнаа на повредите подоцна во болницата е билансот од експлозијата и пожарот кој се случи синоќа во ноќент клуб во рускиот град Перм загинаа 109 лица, а 134 се повредени.
Откако во вторникот била примена на Инфективната клиника во исклучително тешка состојба, денеска почина три и пол годишно девојче од Скопје како нова жртва на грипот А Х1Н1.
Живко Ангелески, 34-годишниот охриѓанец кој го уби својот брат на свиреп начин е во триесетдневен притвор и пред полициско-судските органи не го признавал убиството, потврдија денеска на прес-конференција од СВР Охрид.
Трудна жена, заболена од новиот грип, почина по операцијата со царски рез, соопшти денеска претставникот на Инфективната клиника во Ниш.
Светската банка одлучи на Индија да и одобри кредит од една милијарда долари за чистење на реката Ганг, со што ќе се помогне планот за финансирање на петгодишниот план за еколошко оживување на една од најзагадените реки во светот.
Двајца полицајци се повредени утрово во Белград при обидот на лекарската екипа да помогнат во згриживањето на едно лице во Психијатријската болница „Лаза Лазаревиќ".
Рано утрово околу 5 часот изгоре ресторанот за брза храна „Манго" во центарот на Јагодина. За среќа нема повредени.
Осуммина експерти од Македонија, Хрватска и Франција денеска се качија на бродот „Илинден“ во рамките на истражните тестирања на пловилото.
По незадоволството од изборот на Цветко Грозданов за еден од добитниците на наградата на Св.Климент за оваа година, денеска со реакција се јави и Македонската Алпинистичка Асоцијација која реагира на доделувањето на Повелбата на Св.Климент на алпинистот Мишко Танески.
Денеска започнува вакцинирањето против инфлуенцата А Х1 Н1 на граѓаните од Охрид, Струга и Дебар.
Во рамките на кампањата за солидарност (Да бидеме солидарни) организирана од ВМРО ДПМНЕ, денеска ќе се одржи форум насловен како „Македонија - земја на еднакви можности”.
На покана на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, премиерот Никола Груевски со владина и бизнис делегација од денеска е во официјална посета на Турција.
Во рамките на камапањата ДА БИДЕМЕ СОЛИДАРНИ, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го развива концептот на работа втемелен врз принципите на отчетност, блискост до граѓаните, запазување и остварување на нивните цели и интереси.
Гаспаре Спатуца, поранешен член на мафијата кој се покајал и одлучил да сведочи, денеска пред судот во Торино го поврза италијанскиот премиер Силвио Берлускони со "Коза Ностра", со изјавата дека водачот на мафијата Џузепе Гравијано.
Најмалку 20 луѓе ги загубија животите во пожарот кој изби во еден караоке клуб во Индонезија, соопшти локалната полиција.
Во експлозијата и пожарот кој се случи синоќа во ноќент клуб во рускиот град Перм загинаа 101 лице, а 134 се повредени.
Здружението „Вешта жена-Хумана жена“ организира голема Хуманитарна акција за собирање на сретства преку симболична продажба на солени и слатки производи направени од вештите раце на жените од ова здружение.
Осуммина експерти од Македонија, Хрватска и Франција денеска, повторно ќе се качат на бродот „Илинден“ кој треба да заплови до местото на трегедијата, во рамките на истражните тестирања на пловилото.
Братот на Александар Ангелоски, чие тело беше пронајдено искасапено во близина на Охрид, е задржан во 30 дневен притвор.
Уште еднаш ги потврдивте вашата хипокризија и примитивен популизам, обвини СДСМ, по повод денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.
Македонија својот интерес наредниве неколку месеци да го насочи кон албанскиот и косовскиот пазар , земји, чии што граѓани во Европската Унија се уште треба да патуваат со визи.Најбројните гости од Србија ќе ги има се помалку, а следнава туристичка сезона ќе биде најслаба до сега, смета професорот по туризам Зоран Тунтев.
Полицијата во Охрид вчера попладне го приведе неговиот брат, Живко Ангелески,роден 1975. година во Охрид, поради сомнение дека е извршител на убиствотоврз неговиот брат Алчександар, чие тело беше пронајдено на делови вчера на патот кон селото Велестово.
Здружението за поддршка на Јохан Тарчуловски изразува револт и згрозување од последните, како што се вели, јалови обиди на Љубе Бошковски да ја спаси својата политичка кариера преку оцрнување и дискфалификација на Јохан.
Секторот за внатрешни работи Струмица - Надворешна канцеларија за криминалистички работи - Гевгелија во куќата и помошните простории на лицето И.Д. (51) од Гевгелија, пронајде 42 бронзени монети од кои 39 монети од античко-македонски период и три монети од рано-римски период.
Членството на СДСМ, веруваме и најголемиот дел од јавноста во Македонија, се длабоко разочаран од дрскоста на Комисијата за награди и признанија на Советот на општина Охрид, која, без трошка почит кон името на патронот на Охрид, со надгласување на советниците од ВМРО ДПМНЕ му ја доделија наградата „Св. Климент Охридски - патрон на Охрид“ на Цветко Грозданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Цветан Панделески и Тане Николоски, сопственици на „ЦИП Пелистерка" се новите кумови на празникот Водици. Имињата беа соопштени денеска, традиционално, на празникот Воведение на Пресвета Богородица.
Бугарија ќе ги поддржи евроинтеграциските процеси и желбата на Македонија за членство во НАТО и Европската унија, дококу ги исполни условите и критериумите за членство.
Полицијата засега не соопштува нови моменти во врска со свирепото убиство врз 31-годишниот Александар А од Охрид, но според наши извори од СВР Охрид, случајот е многу замрсен, поради што, синоќа и во текот на денешниот ден на информативен разговор биле повикани повеќе луѓе, најблиски роднини на убиениот, меѓу кои и неговиот брат.
Полицијата не ја исклучува можноста убиството на 31. годишниот Александар Ангеловски, да е последица на крвава семејна пресметка, дознава Инпрес од извори на истрагата.
Единицата за борба против компјутерски криминал, при Одделот за организиран криминал на МВР до ОЈО од Скопје поднесе кривична пријава против бугарските државјани И.И.А.(36) и С.Х.Ж.(38) за сторени кривични дела “Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и “со извршителство“.
Во недела, во 13 часот, во Охрид, на свечен начин ќе и биде предаден на користење на Македонската академија на науките и уметностите, реконструираната „Спомен - куќа на Уранија”, една од најрепрезентативните градби на старата охридска архитектура.
На распит во Сенатската комисија за односи со странство за новата стратегија на владата на претседателот Барак Обама за Авганистан, сведочеа државната секретарка Хилари Клинтон, секретарот за одбрана Роберт Гејтс и началникот на здружениот генералштаб, адмиралот Мајкл Мулен.
Претседателот Барак Обама, во Белата куќа иницираше посебен форум, фокусиран на креирање на работни места, за речиси 16 милиони невработени Американци.
Портпаролот на НАТО Џејмс Апатурај за новинарите изјави дека членките покажале јасна определба за поддршка на претседателот Обама со новата стратегија во Авганистан, и тоа не само на зборови.
Последните бројки од Светската здравствена организација покажуваат дека повеќе од 7.800 луѓе умреле од Ха1Ен1 оваа година.
Светската здравствена организација негира дека е во судир со фармацевтската индустрија. Неодамнешни медиумски извештаи покренаа загриженост дека врските меѓу стручњаци на организација и компаниите за лекови може да влијаат на политичките одлуки, особено на оние кои се однесуваат на пандемијата со грип Ха1Ен1.
Традицијата продолжува, охригани денеска го бираат новиот кум на празникот Богојавление - Водици 2010 година.
За денеска е закажано судско рочиште за млекарницата „Сведмилк". Тоа беше повод поранешните кооперанти да побараат „Тутунска банка" да се откаже од побарувањата и фабриката да оди во активен стечај, односно таа да продолжи да работи за да можат млекопроизводителите да ги добијат парите од предаденото, а неисплатено млеко. Во спротивно најавуваат протести.
Малолетниците како резултат на својата неинформираност во борбата за што подобар материјален статус и недевајќи се на обезбедена иднина, се почесто завршуваат заплеткани во синџирите на организираниот криминал на трговија со луѓе.
23 годишниот битолчанец Д.К. вчера е лишен од слобода заради трговија со дрога. Приведен е зошто завчера од прилепчанецот Ф.С. 29 години, купил дрога - хероинспакован во најлонска кесаза 6000 денари, на магистарлниот пат Битола - Прилеп каде отишол со друг битолчанец таксист.
Осуммина експерти од Македонија, Хрватска и Франција утре, повторно ќе се качат на бродот „Илинден“ кој треба да заплови до местото на трегедијата, во рамките на истражните тестирања на пловилото.
Со повеќе пригодни манифестации денеска во Струмица ќе биде одбележана 100- годишнината од раѓањето на големиот македонски поет Никола Јонков Вапцаров.
Денеска и официјално во Република Македонија, ќе започне вакцинацијата на населението, како превентивна мерка на заштита од новиот грип.
Облеан во светлина, до скоро сончев и пријатен за прошетки, дури и за пријатни седенки на отворено по крајезерските кафулиња, Охрид, македонската туристичка метропола, создадена за уживање и растоварување на мислите од тешкото секојдневие, повторно се најде на првите страници и црните хроники.
Од вчера нов шок за охриѓани. Станува ли мирното туристичко место, подрачје на убиства на најсвиреп начин и на хорор сцени?
Во босанската метропола Сараево, вчера се случи трикратно свирепо убиство.
И додека охридската но и македонската јавност сеуште ги средуваше емоциите од грозоморното убиство кое се случи во селото Слатино, а во кое синот ја уби сопствената мајка, синоќа нов шок за охриѓани. Случаен минувач на патот кој води кон селото Велестово, над бензинската пумпа „Билјанини извори“ пронајде искасапено човечко тело. Телото било крвнички сечено со секира, а делови биле фрлани во близина на патот.
Куќата на Уранија како една од препознатливостите на Охрид и значаен културен споменик беше комплетно реконструирана надворешно и внатрешно, при што беа запазени сите елементи од нејзината фасада и ентериерот, а поплочен беше и дворниот простор на куќата.
Вработените во мензите во студентските домови денеска протестираа како резултат на незадоволството од владината одлука за приватизација на  кујните во кои се подготвува храна за студентите.
Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти. Уште 5 сомнителни пациенти се примени на инфективното одделение во Воената болница.
Денеска попладне во близина на бензинската пумпа „Билјанини извори", кај спомен паркот на паднатите борци е пронајден машки труп.
Владата уште еднаш се покажа како некомпетентна пред големите здравствени предизвици. Македонија на крајот на минатиот месец веќе требаше да има 100.000 дози вакцини без разлика дали населението сака да се вакцинира или не.
„Владејачката партија продолжува да покажува лажна посветеност за решавање на проблемите на земјоделците. За жал, за нивното фалење за поттикнување на развој на македонскиот аграр и понатаму сведочи тажната реалност во која нема ниту среќни земјоделци, ниту некаква преродба во оваа значајна стопанска гранка“, реагира СДСМ на денешната конференција на ВМРО ДПМНЕ.
Охридскиот центар за деца за лица со интелектуална попреченост во развојот „Порака“ е еден од најсовремените во Македонија.
Дванаесетгодишно девојче од Струга утринава било нападнато од куче-скитник во строгиот центар на градот.
Средствата за користење од европските фондови не се подарени. До нив многу тешко се доаѓа, тешко се заработени, но кога тие ќе се добијат, поинакво е чувството, порача денес на одржаната трибина во Охрид магистер Мануела Хрватин, советник за меѓународна соработка и европски интеграции на Истарската жупанија.
Поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело "Разбојништво", Секторот за внатрешни работи од Охрид денеска изутрина го лишти од слобода лицето Ж.М. роден 1966 година од Охрид.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.С.(29) од Прилеп за сторено кривично дело „неовластено производство ипуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“.
ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против Т.Н.(58) од Гевгелија, поранешен директор на „Винојуг“ Богородица АД од с.Богородица за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“.
СВР Битола поднесе посебен извештај против В.В.(40) од Битола, управител на ДООЕЛ „Влаго“ за сторени кривични дел „фалсификување или уништување деловни книги“, „давање лажен исказ“ и „даночно затајување“ и против правното лице ДООЕЛ „Влаго“ за кривични дела „лажен стечај“ и „даночно затајување“.
Македонија првпат ќе биде промовирана на Конференцијата „Туризмот во Југоисточна Европа “ што ја организира специјализираниот магазин „Парламент “ на Европската Унија.
Панче Дамевски, пратеник и член на собраниската комисија за земјоделие, шумарство и водостопанство од ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес конференција се огласи со задоволство од предложениот буџет за 2010 година.
Македонија повторно ја пропушти таа историска можност и сега ќе треба да чека уште една година за поканата, а уште најмалку две за полноправно членство.
Во САД и кај републиканците и кај демократите на Обама, се води полемика околу корумпираноста на власта во Авганистан.
СВР Куманово по превземени низа мерки и активности откри дрога и оружје во близина на границата со Косово, на одалеченост околу 1,5 километар.
„Дваесет и првиот“ е новиот роман на Томислав Османли што ќе биде промовиран на 7 декември во Музејот на град Скопје со почеток во 20 часот.
Македонскиот премиер Никола Груевски, ја доби финската поддршка за датум за почеток на преговорите на Самитот на Унијата на 7. декември.
САД се надеваат дека членките на НАТО ќе дадат до 10.000 нови војници за Авганистан, споредено со 30.000 дополнителни трупи што претседателот Барак Обама ги соопшти во вторникот.
Во два извештаја на бизнис-групи се наведува дека е забележано намалување на загубата на работни места.
Американските законодавци по новата авганистанска стратегија на претседателот Обама имаат поделени мислења, а некои членови, вклучувајќи и припадници од партијата на самиот претседател, изразија загриженост за одлуката да испрати дополнителни војници во Авганистан.
И додека официјална Москва даде поддршка на новата стратегија на американскиот претседател Обама за Авганистан, пензионираниот генерал Борис Громов, последниот командант на советската армија во Авганистан и последен војник кој замина од таа земја, вели дека бројката на војници нема ефект врз воената состојба во Авганистан.
Вторник, 8. декември, на празникот Св. Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Во македонската туристичка метропола Охрид, се одржува трибина на тема - „Хрватски искуства во користење на европските фондови“.
Целиот државен врв е во акција за добивање на датум за преговори со ЕУ, во пресрет на Министерскит состанок, за неколку дена во Брисел.
Наместо улица во градот, името на поранешниот македопнски министер на полицијата Јордан Мијалков, ќе го носи новата источна трансферзала, во изградба, која ќе ја поврзува клучката на патот за Битола, со патниот правец Охрид - Свети Наум и натаму за Албанија.
Најнапред ќе ми дозволиш да ТИ се обраќам токму вака. Со - Ти. Кога едно "тазе" а веќе брадато "перо" од ноќните саати на македонскиот журнализам - тоа си го дозволува, зошто не и јас, со моите 40 професионални новинарски години?
Македонскиот премиер Никола Груевски, во Брисел - како на подвижна лента со Баросо. Нема време ниту капутот да си го соблече. Скапо е времето на европската бирократија. Просечниот балканец тоа не може да го разбере.
Во еднодневна официјална посета на Република Македонија денеска ќе допатува претседателот на Република Хрватска Стјепан Месиќ.
Претседателот на владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска од Брисел патува за Хелсинки, на средба со неговиот фински колега, со претседателот на владата Мати Ванханен.
Во пожарот кој доцна синоѓа изби во фабриката „Имлек“ во Падинска Скела во близина на Белград скоро во потполност изгоре погонот за ПЕТ амбалажа.
Делегација на Република Македонија, предводена од министерот за економија, Фатмир Бесими, од 30 ноември до 2 декември учествуваше на Седмата министерска конференција на Светската трговска организација во Женева, Швајцарија на која присуствуваа министри за трговија и економија од 153 земји членки и земји набљудувачи.
Делегација на министерството за внатрешни работи, предводена од министерката Гордана Јанкулоска, денеска ќе оствари работна посета на Република Косово.
Во Центарот за обука Идризово денеска ќе бидат промовирани активностите во рамките на ИПА проектот-техничка асистенција за борба против трговијата со луѓе.
Претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо изјави дека сега е моментот за решение на грчко-македонскиот спор, откако во Брисел за прв пат се сретна со македонскиот премиер Никола Груевски.
Млада мајка - родилка од Виничко, почина во  24 часа по приемот, на одделението за интензивна нега, на Клиниката за Гинекологија и акушерство во Скопје.
Го поздравувам новиот пристап на Соединетите држави за консолидирање на состојбата во Авганистан, најавен со Вашето вчерашно обраќање на воената академија Вест поинт, кон кој мојата земја ќе даде активен придонес.
Во Центарот за обука Идризово утре ќе бидат промовирани активностите во рамките на ИПА проектот-техничка асистенција за борба против трговијата со луѓе.
Делегација на министерството за внатрешни работи, предводена од министерката Гордана Јанкулоска, утре  ќе оствари работна посета на Република Косово.
Во последново деноноќие 24 нови пациенти со симптоми на свински грип се  примени во инфективната клиника и Воената болница во Скопје.
Отпочнувањето на втората фаза од Проектот за регулирање на државјанствата и обезбедување документи на локални жители и бегалци, што се реализира во соработка со УНЦХР, а финансиски поддржан од Европската комисија,  ја потврдува решеноста на македонските институции за целосно општествено интегрирање на овие групи граѓани,беше речено на денешната средба во МВР.
ВМРО ДПМНЕ реагираше со писмено соопштение  на денешната прес конференција на Социјалдемократскиот сојуз.
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, најави дека новата американска стратегија за Авганистан, Македонија ќе ја поддржи со 8о нови војници.
Со писмена честитка до шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, бугарскиот министер за надворешни работи Румјана Желева денеска ја поздрави одлуката на Советот на Европа за визната либерализација за Македонија.
Ноќеска, во 02.15 часот, во ПС Аеродром од страна на лицата Т.Б. и М.П. двајцата од Скопје, пријавено е дека на паркинг простор на булевар "АСНОМ" во Скопје, настанал пожар во ПМВ "Ровер" со бугарски регистрски ознаки сопственост на Д.К.
ПС Дебар поднесе кривична пријава против И.Д.(58) од Дебар, директор на ШС „Стогово“ од Дебар за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
ПС Дебар поднесе кривична пријава против Е.Ф.(34) од Скопје за сторени кривични дела "недозволена трговија" и "фалсификување знаци за обележување на стоки, мери и тегови".
Во Хрватска се води дебата околу учеството на нивните војници во Авганистан. Јасно е дека Хрватска како нова членка на НАТО треба да има свои сили во ИСАФ програмата, но се дискутира за условите и намената.
Бугарија да ја поддржи Република Македонија во преговорите за ЕУ, но по исполнување на одредени услови, бараат од бугарското ВМРО.
За многу кратко време во Белата кужа е два пати прогласувана тревога. Американските медиуми јавија за пронајдена ташна, во непосредна близина на Белата куќа, поради што целиот комплекс околни згради е затворен.
Согласно новата стратегија на американскиот претседател Барак Обама за поефикасно, на пократок рок и со поголеми сили средување на состојбите во Авганистан, најверојатно и од сојузниците ќе се бара да испратат повеќе војници во своите национални контингенти.
"Новата стратегија во Авганистан ќе не чини, до 30 милијарди долари во оваа година и јас ќе работам тесно со Конгресот, за да го добијам тоа финансирање во услови кога ние работиме за намалување на буџетскиот дефицит", рече претседателот на САД Барак Обама во својот говор, образложувајќи ја стратегијата во воената академија Вест појинт.
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска ќе се состане за првпат со македонскиот премиер Никола Груевски.
Научниците од американската вселенска агенција НАСА тврдат дека со испитувањето на еден метеорит, дошле до заклучок дека некогаш на планетата Марс постоел живот.
Генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен отцени дека нови ветришта дуваат на Балканот и дека сега е вистинско време да се направи потребниот исчекор напред.
Имунизацијата против новиот грип во Хрватска не мина без организациски проблеми, но тие не се најголемите.
Претседателот на парламентот на Грција Филипос Пецалникос ја опиша како јасна, кристална и логична позицијата на Грција за спорот со Скопје за името.
Љубе Бошковски и неговата партија Обединети за Македонија, бараат од полицијата, синоќешниот случај со палењето на возилото на неговиот внук, да не се гледа изолирано, туку како дел од кампањата и притисоците против Бошковски.
Немавме намера да реагираме на одлуката за намалување на каматната стапка на благајничките записи, со оглед на независноста на Народна банка во водењето на монетарната политика. Меѓутоа, она што граѓаните навистина не го заслужуваат е крајно лицемерниот однос на Владата.
Македонскиот премиер Никола Груевски, денеска се сретна со неговиот холандски колега Жан Петер Балкененде.
СВР Велес поднесе кривична пријава против В.П.(31) - раководител на испитен центар на АМСМ и Д.Ф.(59) - инструктор во испитниот центар, двајцата од Кавадарци, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Х.(51) од Битола за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
Ако не се прифати новиот договор меѓу Македонците и Албанците кој го подготви неговата партија, нема да има македонска нација и македонски народ, се закани синоќа претседателот на ДПА, Мендух Тачи.
Автомобилот од марката „Ровер“ што синоќа по полноќ беше запален во скопската населба Аеродром, му припагал на внук од сестра на сопругата на Љубе Бошковски Виолета, дознава Инпрес од извори на истрагата.
Во Битола се евидентирани 230 малолетни престапници. Од нив 214 се од машки пол, 21живеат во од градот, а најмногу од нив - 116 се со средно образование.
Во Тетово се вакцинираа лекарите и сестрите од Здравствениот дом и Клиничката болница во Тетово кои на работните места се изложни на голем ризик од новиот вирус А Х1Н1.
Промотивниот карван на СДСМ денеска ќе гостува во Свети Николе.
ЕУ го поздрави новиот Устав на церемонија во Лисабон, каде текстот за прв пат беше потпишан. Меѓутоа, ратификацијата од сите 27 држави беше долг и макотрпен процес, и дури минатиот месец беше завршен.
Сојузниците на САД веќе се огласуваат за тоа - кој колку нови воени трупи ќе испрати во Авганистан, за да ја поткрепи новата стратегија на претседателот Барак Обама.
Новата американска стратегија, која предвидува дополнителни 30 илјади војници и енормни финасиски средства, доага во многу незгоден, пред се, економски момент за претседателот Обама.
Пред да ја објави новата стратегија за Авганистан, американскиот претседател Барак Обама подолго време и во детали, преку видео конференција, разговарал со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.
Авганистански пратеник го оспори тајмингот на објавувањето на новата американската стратегија во Авганистан од страна на претседателот Барак Обама.
Извесен "Генералштаб на вооружените сили на Кавкаскиот емират", на чие чело е Доку Умаров, ја презеде одговорноста за нападот врз „Невски експрес“.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на канцеларијата на УНЦХР во Македонија Карлос Малдонадо, денеска ќе имаат свои излагања по повод втората фаза од проектот за регулирање на државјанствата и обезбедување документи на локални жители и бегалци.
Италијанска полиција уапси 74 лица и разби голема криминална група на југот од земјата.
Одлуката на Европската унија за стартот на визната либерализација недвосмислено покажува дека местото на Македонија и е во Европа, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Претседателот на Србија Борис Тадиќ призна денеска пред судот дека го прекршил законот кога по фудбалскиот натпревар на стадионот наздравил со шампањ.
Неколку стотини рудари од рудникот Тораница излегоа од окната на протест, поради ниските плати и недоволните заштитни средства.
Грипот сериозно се заканува во македонија и рапидно се шири. Само за една недела 500 нови лица се јавиле со симптоми на грип.
Министерскиот совет на ОБСЕ , денеска, на состанокот во Атина, ќе ги утврдува приоритетите на ОБСЕ за идната година под претседателство на Казахстан.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на канцеларијата на УНЦХР во Македонија Карлос Малдонадо, утре, со почеток во 11 часот, ќе имаат свои излагања по повод втората фаза од проектот за регулирање на државјанствата и обезбедување документи на локални жители и бегалци.
Синоќа, после 18,00 часот на магистралниот пат Кичево - Гостивар кај селото Зајас се случи сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „југо“ управувано од Ш.С.(48) од селоКолари, Кичевско, ПМВ „ауди“ управувано од И.Љ.(19) од село Шутово, Кичевско и ПМВ „голф“ управувано од В.Б.(25) од селоКолари, Кичевско.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.П.(35) од Битола, управител на ДОО „Битола“ за сторено кривично дело „даночно затајување“.
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.С.(33) од Битола, управител во ДООЕЛ „Лука Травел“ - Битола и Р.Н.(52) од Скопје, директор на Агенција за привремено вработување „Партнер„ - Скопје експозитура Битола, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Нашите средби со првите луге во државата имаат важен сигнал, а тоа е, дека институциите работат во синхронизација. Секогаш сум тврдел дека пред Европа, ова е исклучително важно за довербата во една држава.
СВР Охрид синоќа го приведе М.С.(1972) од село Слатино, општина Дебарца, поради основано сомнение дека на свиреп начин ја убил сопствената мајка.
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, денеска, на маргините на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Атина, имаше одвоени средби со грчкиот премиер Јоргос Папандреу и заменик министерот за надворешни работи Димитрис Друцас.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Д.(21) М.П.(21) и М.Т.(15) тројцата од Скопје, потоа против битолчаните Љ.Д.(21) и 13. годишно дете, како и против Ѓ.К.(20) од Велес и З.К.(21) од Струга, за кривично дело "тешка кражба".
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.К.(53) од Куманово, управител на ДТПУ „Универзум Компани“ ДООЕЛ Куманово за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
С.С.(36) од Куманово, во импровизиран погон лоциран на ул.“Никола Тесла“, во Куманово, вршел неовластено преточување и препакување на моторно масло на кое ставал налепници од различни марки, и како такво го пуштал вo слободна продажба.
Пољска позитивно ќе одговори на апелот на САД и НАТО и за Авганистан ќе испрати уште 500 свои војници и покрај тоа што таму веќе има 2000.
Македонија е една од трите балкански земји, за кои отпаднаа визите за ЕУ.
Во Атина се одржува состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ , на кој Советот ги утврдува приоритетите на ОБСЕ за идната година, под претседателство на Казахстан.
Денеска во Подгорица, со формирањето на Кор групата за Дрим, започна имплементацијата на првата фаза на Проектот за управување со басенот на реката Дрим, наречена Дрим Дијалог.
Црвениот крст од Охрид од 1-7 декември традиционално ја одбележува Неделата на борба против Сидата.
Министерството за транспорт и врски има намера да објави конкурс за изградба на 24 плажи на струшкото крајбрежје на Охридското езеро, на потегот од Струга до селото Калишта, тврдат од Хидробиолошкиот завод во Охрид.
Мобингот како појава, која не е нова, станува доста актуелна во последниот период. Целосно сузбивање на оваа појава не може да има, но доколку се има воља може во повеќе форми да се работи на зајакнување на јавната свест, вели членот на оваа работна група, пратеничката Анета Кипаризова Крстевска.
Според метеоролозите, од денеска попладне Македонија ќе биде зафатена од влажен бран од Медитеранот, проследен со врнежи од дожд, најмногу во западните делови од земјата.
Околу 30.000 абортуси се случуваат годишно во Македонија, бројка која е поразителна, а укажува на недоволната едуцираност на женската популација кај нас. Освен рушењето на бројни етички, верски и филантропски параметри, преку уништувањето на еден човечки живот, абортусот носи голем број на ризици по здравјето, апелираат од НВО "Ревита.
Сомалиските пирати грабнаа танкер со 28 членови на екипажот. Бродот „Маран Центаурус“ пловел под грчко знаме и е грабнат во неделата во Индискиот океан, североисточно од Сејшелските острови.
Американскиот претседателот Барак Обама денеска треба да го изложи планот за завршување на војната во Авганистан и да ја објави новата авганистанска стратегија.
Висок официјален финансиски претставник во Дубаи рече дека владата на Обединетите Арапски Емирати нема да даде гаранција за големиот долг на конгломератот во државна сопственост - Дубаи Ворлд.
Италијанското министерство за здравство објави мутиран вид свински грип во земјата, јави АФП.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази сочувство во врска со смртта на луѓето, како последица на несреќата на возот "Невски експрес" во Русија, соопшти официјалниот претставник на генералниот секретар, цитиран од РИА Новости.
Украинското министерство за здравство соопшти дека досега во земјата од грип починале над 430 лица.
Челси Клинтон, единствената ќерка на поранешниот претседател на САД Бил Клинтон и сегашниот државен секретар Хилари Клинтон, во летото на 2010 година ќе се омажи, соопшти портпаролот на Бил Клинтон Мат Маккена.
Охридската јавност е потресена од грозоморното убуство што ноќеска се случи во селото Слатино во близина на Охрид.

Избор

Најнови вести

Цитат

Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина. Се надевам на заемно прифатливо решение за спорот околу името.

(Метју Нимиц, посредник на ОН во разговорите за спорот за името)

временска прогноза
Охрид Скопје Битола

Inpress on Facebook
дневен е-весник
Изложба на уметнички слики на тема „Портрети и ликови“ од починатиот автор Вангел Наумовски ќе биде отворена утревечер во 20:00 часот во куќата на Уранија во Охрид во рамките на Научната и уметничка визита што ја организира МАНУ.
Италијанскиот стручњак Клаудио Раниери е новиот селектор на грчкиот национален тим, соопштија од грчката фудбалска федерација.

За да им приредат на своите гости уште едно уникатно доживување, од хотелот Chessington World of Adventures ангажирале посебен „будилник“.

На „Антички Театар“ во Охрид, во рамките на фестивалот „Охридско лето“ утре гостува Максим Мрвица, најпродаваниот кросовер пијанист во светот.

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ од Битола, го одбележа 26 јули, Интернационалниот Ден на Гоше, за прв пат оваа година лансиран од страна на Европската Гоше Алијанса.


 

Copyright 2012 InMedia. All rights reserved.
Објавените информации на интернет страницата на Инпрес може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
e-mail: [email protected]

Импресум | За нас

Powered by Nextsense webBuilder