Missing image

Украдени пари и оружје од стан во Кочани

Кочани, 9. август 2014 (ИНПРЕС) – На 7-ми или 8-ми овој месец, во Кочани во станот сопственост на С.Ј.(57), непознат сторител извршил тешка кражба.

Разбојникот насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување по собите одзел пиштол „Застава М70“, 10.000 денари, разновиден златен накит и рачен часовник стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари. (Крај)

извор: МВР фото: архива