Кој ќе го купи Марко Ројс?

Дортмунд, 4. ноември 2014 (ИНПРЕС) – По минхенски Баерн, во трката за Марко Ројс од Борусија Дортмунд се вклучи и Манчестер Сити.

Англиските медиуми јавуваат дека Ројс во договорот имал клаузула која овозможува тој да ја напушти Борусија следното лето за оштета од 25 милиони евра.

Баерн веќе најави дека сака да го купи фудбалерот, а од Сити најавиле неделна плата од 255.000 евра. Се шпекулира дека Ројс во своите редови сакаат да го видат и Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а не треба да се отпишат и Реал Мадрид и Арсенал.

Ројс, кој е роден во Дортмунд и кариерата ја започна во младинската екипа на Борусија, во меѓувреме играше за Менхенгладбах, а во Дортмунд се врати во 2012. година.

За „милионерите“ на 98 натпревари постигна 46 голови, а во меѓувреме стана и репрезентативец и има 23 натпревари за Германија во кои постигна седум голови. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива