Рекордно производство на пченка во Вардарскиот регион

Скопје, 4. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси одбележа рекордни приноси на пченка кои ги достигнаа земјоделците од вардарскиот регион.

15-те производители на пченка од регионот кој годинава за прв пат наводнуваа со системи капка-по-капка донирани од УСАИД успеаа да ги зголемат нивните приноси за три пати (од 4 тони/хектар на 12 тони/хектар), додека земјоделецот Глигорче Алексов постигна рекорден принос во Вардарскиот регион од 17 тони/хектар. На настанот се се обрати Барт Путни, Заменик амбасадор на САД во Македонија, кој ја истака поддршката на САД за модернизација на земјоделството во земјата.

– Со подобрувањето на производството на пченка во Македонија се овозможува прехранувањето на поголем број на крави. Зголемувањето на бројот на крави овозможува зголемено производство на млеко, а тоа пак овозможува ослободување од потребата за увоз на скапо млеко во прав. Како што се зачестува употребата на системот капка-по-капка за наводнување на пленка ќе станат видливи и макро економските придобивки. Зголемувањето на продуктивноста со време ќе и овозможи на Македонија самостојно да ја задоволи целосната домашна побарувачка на пченка, рече Барт Путни, заменикот амбасадор на САД во Македонија.

Во 2013 и 2014, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси ја започна иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ за модернизација на производството на пченка во Македонија. Како дел од иницијативата беа донирани 120 системи капка-по-капка и беа обучени 120 земјоделци за користење на добри земјоделски практики во одгледувањето на пченка. Овие земјоделци успеаа да ги зголемат приносите на пченка за два до три пати. Иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ ќе се прошири во наредните две години со донирање на дополнителни системи капка-по-капка и обуки за нивно соодветно користење. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива