Missing image

Вечерва ќе се одржи манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во охридското село Велгошти

Охрид, 13. август 2014 (ИНПРЕС) – Вечерва во охридското село Велгошти ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Годинешен носител на наградата „Живко Чинго“ е авторката од Гостивар, Верче Карафилоска за расказот „Коси од розева волница“. На распишаниот конкурс се натправаруваа вкупно 58 раскази. Наградата на авторката ќе и биде врачена вечерва во родното место на Живко Чинго, Велгошти.

Оваа манифестација традиционално се одржува за сеќавање на ликот и делото на драмскиот писател Живко Чинго.

Живко Чинго раскажувач , романсиер, драмски писател, роден е на 13 август 1935 год. во Велгошти, а починал на 11 август 1987 год. во Охрид. Завршил Филозофски факултет во Скопје, извесно време работел како професор по литература во гимназија во Охрид, а потоа во Скопје работел во “Студентски збор”, “Млад борец”, Радио-телевизија Скопје, во Центарот за политички студии во Скопје и во Републичкиот комитет за култура. Бил директор на Македонскиот народен театар. Член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1963 година.

Во македонската литература Чинго влегува кон крајот на педесетите години на XX век. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива