Интервју со Мартин Битбокс – Секој настап треба да биде полн со енергија и моменти за паметење

Скопје, 22. декември 2014 (ИНПРЕС) – Мартин Атанасовски или Буцо Битбокс, име кое за многумина веќе значи, дел од публиката се’ уште внимателно го запознава, а некои, кои пак досега имале било каква соработка на музички план со него, велат дека станува збор за толку млад артист, но со толку енергија и жар во своите настапи, кој ќе ве остави без здив.

Битбокс-от иако му е своевиден музички прекар, по начинот и концептот на кој ги реализира своите настапи, ќе си речете дека природно е неговото вистинско  јас.

Зад себе веќе има голем број настапи низ македонските градови, но и на Балканот.

Младиот талентиран музичар одвои малку од своето време за интервју за агенцијата Инпрес.

Инпрес: Очигледно е дека техниката на бит-бокс кај тебе е природен талент, но, е усовршуван со вежбање и доста работа. Како ги надоградуваш своите знаења?

Атанасовски: Моите знаења ги надоградувам така што слушам нови битбоксери во светот, од секој битбоксер најразлични звуци, а ќе кажам дека без упорност и љубов не може да се надоградат знаењата, без тие две работи не може да се надоградува не само мојот, туку секој талент.

Инпрес: Беше македонски претставник на балканското шоу „Јас имам талент“, низ македонските градови, потоа беше дел од „Пиволенд“, исто така си имал доста настапи на различни случувања, секако дека допрва те очекуваат настапи, но од досегашните можеш ли да издвоиш некој најомилен?

Атанасовски: Најинтересно прашање за омилени настапи .. Хммм … Па еве можам да ги издвојам последниве неколку настапи како најенергични и најинтересни .. Во Кавадарци во Cliub AL pacino ( Со Дј ПИМП ), Велес – Club Impact ( Гостин на настапот на Слаткаристика, во Телеком Тренд со Дј К-105 ).

Инпрес: Идол или личност која ја почитуваш, кој/а се занимава професионално со бит-бокс?

Атанасовски: Симнувам капа на BeardyMan, светски битбоксер, кој е страшно добар. Од женскиот пол ја издвојувам PECHENKATA од Бугарија, која исто така е професионалец … и ред други од светски рамки.

Инпрес: Дали бит-бокс неминовно го поврзуваш со хип-хоп културата, чиј составен дел е, или понекогаш можеш да го разграничиш и да го дефинираш одделно?

Атанасовски: Па го поврзувам да, односно битбоксот служел порано за „фристајл“ натпревар, имало помалку дј-и, а радио станиците ги користеле битбоксерите за тоа. Во денешно време битбоксот служи за доста други работи. Нема некоја посебна дефиниција, тоа е ритам што се создава само од устата, така да се’ што треба за битбокс е устата. 🙂

Инпрес: Која ти е најважната работа, најсилниот впечаток кој сакаш да го оставиш кај публиката по твој настап?

Атанасовски: Мојата позитива, енергичност, смисла за хумор на настапите, и секако добри неколку минути кои ќе ги паметат што е можно подолго. Исто така важно ми е да си поминеме најдобро што можеме сите заедно.

Инпрес: Сугестија која сам на себе најчесто си ја даваш за понатамошно изградување и усовршување?

Атанасовски: Хммм .. ретко сум задоволен од тоа што го правам, така си ставам во глава за да сфатам дека треба упорност и што повеќе тренинг за да се усовршам, да не си кажам самиот на себе „да, ја сум добар, многу знам, бла бла“. Затоа што така ако мислам за себе, мислам дека нема да напредувам доволно како што треба, затоа, често пати си велам дека не сум задоволен од самиот себе, за тоа да ми даде поттик да научам подобро и да се усовршувам.

Погледнете го најновото видео на Мартин. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива