Missing image

Вечерва последна свирка на битолчаните Молокаи

Скопје, 15. август 2014 (ИНПРЕС) – После 3 години постоење, битолскиот бенд Молокаи прекинува со свирење.

Нивниот последен настап ќе биде во Скопје, каде ќе имаат промоција на вториот албум „Rack Attack 2.0“. Промоцијата ќе се одржи во МКЦ, во бифето на кино Фросина, вечерва со почеток во 21.30 часот.

Албумот е издаден од Predisposed To Oppose – booking & promotion и од Mkc Bitola, а веќе е достапен за преслушување и спуштање на официјалната страница на бендот.

На промоцијата ќе можа да го слушне материјалот од албумот во живо и да се набави за 150 денари.

Гости на промоцијата се Битолчаните МаЗНо, аМа Не е.

Концертот ќе функционира врз база на донации. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива