Missing image

Генерал Котески – НАТО треба да ја види силната заложба на припадниците на АРМ

Скопје, 15. август 2014 (ИНПРЕС) – Началникот на Генералштабот, генерал Котески од припадниците на Армијата побара да се раководат од интересите на АРМ и на државата, бидејќи само тие може да не одведат до успехот, стабилноста и просперитетот. Армијата даде максимум за НАТО, ги постигна стандардите и активно придонесува во мировните операции.

– Ги поддржуваме, соработуваме, станавме препознатлив партнер со голем број признанија и искуство. Но, дали сето ова е доволно во однос на нашата силна заложба и посветеност да бидеме дел од семејството на НАТО. Очекувам дека нашите пријатели и партнери од земјите- членки на НАТО ќе го разберат ова чувство на неправда кон припадниците на АРМ, рече во својот говор генерал-потполковник Горанчо Котески, началник на ГШ на АРМ.

За ефикасен одбранбен систем се потребни повеќе финансиски средства, кои во изминативе години се намалени. Изготвен е предлог план за модернизација на Армијата, за што Котески очекува поддршка од Претседателот и од Владата.

Генерал Котести констатираше дека Армијата и понатаму останува значаен фактор во обезбедувањето на глобалниот мир и безбедноста.

Пред споменикот на загинатите бранители цвеќиња положија делегации на Министерството за одбрана, на Генералштабот и семејствата на загинатите. (Крај)

извор: МРТ фото: архива