Битола/Скопје, 16. август 2014 (ИНПРЕС – Влатко Стефановски вечерва настапува на Бит фест.
Неодамна тој го објави својот 32 албум „Сеир“, а оваа 2014 се одбележуваат 40 години од почетокот на неговата музичка кариера.
Концертот вечерва ќе се одржи на Античкиот локалитет Хераклеа во Битола, а Стефановски ќе одржи голем концерт кој ќе биде своевидна ретроспектива на неговата досегашна работа.
Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе имаат и заеднички концерт на 19-ти август. Концертот ќе биде во Куршумли Ан во Скопје. Ваков концерт одржаа и пред неколку години и оставија убав впечаток кај публиката. (Крај)
извор: Инпрес фот: архива