Missing image

Пуштена во употреба Новата трета лента за товарни возила на патот Валандово – Струмица

Валандово, 16. август 2014 (ИНПРЕС) – Новата трета лента за тешки товарни возила на патот Валандово – Струмица (Валандовско Брдо) денеска беше пуштена во употреба во присуство на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Ѓоргиевски и градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски.

Ѓоргиевски изјави дека со новата трета лента ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот на оваа делница која претставуваше тесно грло. Тој истакна дека во стручните служби веќе се изготвуваат потребните проекти за уште неколку  црни точки од овој патен правец кои ќе бидат реализирани во следниот период.

За градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски, изградбата на третата лента на овој пат значи не само подобрување на безбедноста, туку и овозможување побрза и посигурна патна врска меѓу општините од Југоисточниот плански регион. (Крај)

извор: МИА фото: архива