Missing image

Охриѓанецот Даниел Јовески продолжува со успешните соработки со албанската музичка сцена

Охрид/Тирана, 16. август 2014 (ИНПРЕС) – Охридскиот продуцент, режисер, фотограф и музичар Даниел Јовески го сними новото видео за тема на албански поп музичари.

Станува збор за нова тема, која ја изведуваат неколку албански музичари, кои се појавија годинава албанскиот X Factor. Темата носи наслов „Zemren Ti Godit“ на бендот „Exception“. Музиката е на Дарко Димитров, а текстот го напиша Розана Ради. Како модел во спотот се јавува младата Ивана Колева. Комплетното снимање, монтирање и мастеринг на спотот е направено во студиото на Јовески, Sustain Entertainment.

Дека Јовески бележи успеси на албанскиот музички пазар подеднакво како и на македонскиот, говори фактот што предходното видео кое тој го снимаше за изведувачите Elita 5. Видеото имало е еден милион гледања на каналот Youtube  само за еден месец. (Крај)

извор: Инпрес фото: Даниел Јовески