Missing image

Јаболката се афродизијак за жените

Рим, 17. август 2014 (ИНПРЕС) – Резултатите од едно истражување, спроведено во Италија, покажале дека жените кои секојдневно јадат јаболка се многу позадоволни во сексот, а за тоа се заслужни полифенолите и антиоксидансите кои ја зголемуваат осетливоста.

Дека јаболката се исклучително важни за сексуалниот живот, покажале резултатите од ова истражување, кое било спроведено над 730 жени, на возраст од 18. до 43. години, поделени во две групи. Во првата, дамите секојдневно јаделе барем по едно јаболко, некогаш и повеќе, додека оние од втората група јаделе јаболка повремено.

Оние кои биле во првата група, изјавиле дека биле многу позадоволни во сексот. За тоа, според научниците, биле заслужни полифенолите и антиоксидансите кои ги содржи ова овошје, а кои значително ја подобруваат циркулацијата на крвта во женските генитални органи, што овозможува зголемена осетливост.

Освен тоа, јаболката се богати со флавоноид, кој е сличен на женскиот хормон естрадиол, кој игра важна улога при сексуалната возбуда кај дамите. (Крај)

извор: Health фото: архива