Missing image

Седмо по ред издание на Охридскиот хорски фестивал

Охрид, 18. август 2014 (ИНПРЕС) – Охридскиот Хорски фестивал започнува на 21 август, а ќе трае до 25-ти август.

Годинава фестивалот ќе одбележи седум години од своето постоење. Концертите ќе се одржуваат на сцената на црквата Света Софија и во Дијамантската сала во хотелот Инекс Горица. На фестивалот до сега имаат учествувано околу 300 хорови од сите Европски земји.

Свеченото отворање ќе биде на 21-ви август со почеток во 20:30 часот во центарот на Охрид. Во рамките на фестивалот ќе се одржуваат натпревари во хорско пеење во неколку групи, за возрасни и за млади.

Финалето ќе биде на 25-ти август во Дијамантската сала во хотелот „Инекс Горица“. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива