Missing image

Изложба на Ленче Војнеска на Охридско лето

Охрид, 18. август 2014 (ИНПРЕС) – „Креативни индустрии“ е насловот на изложбата на Ленче Војнеска, која ќе биде отворена вечерва во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Ленче Војнеска е дипломиран инженер-технолог, која од мали нозе е посветена на уметноста. Охрабрена и мотивирана од наградите кои ги добила во текот на своето школување, а посебно добиената благодарница од страна на Комитетот на Хелсиншкиот парламент на граѓаните на Македонија, го започнува своето творештво.

Нејзините дела се спој помеѓу уметноста и органската хемија. Според Ленче, уметноста е независна и слободна позиција во општеството. Затоа луѓето треба да се поттикнат да бидат креативни, да се изразуваат и творат и да постои комуникација меѓу уметникот, уметничките дела и публиката.

Изложбата е со почеток во 19 часот на сцената на Малиот плоштад. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива