Missing image

Откриен нов вирус во човечките црева

Вашингтон, 29. јули 2014 (ИНПРЕС)
извор: Health фото: архива

Научниците открија нов вирус во човечките црева, јави ББС.

Додека го истражувале генетскиот материјал откриен во примероци од човечките црева, меѓународниот тим открил вирусот CrAssphage. Според нив вирусот може да влијае врз некои од најчестите бактерии во цревата. Овие типови на вируси, наречени фаж, играат важна улога при хроничните болести, тврдат експертите.

Научниците, предводени од тим од американскиот универзитет во Сан Диего, ги споредувале информациите од три големи меѓународни бази на податоци. Според добиените сознанија, вирусот може да биде генетски отпечаток на фаж – вирусот. CrAssphage инфицира едни од најчестите видови бактерии во човечките црева. Сега научниците се обидуваат да го одгледаат вирусот во лабораториски услови.

Следниот чекор ќе биде да се разбере како точно вирусот влијае врз бактериите во цревата. (Крај)