Missing image

Чадорите не штитат од сонце

Валенсија, 30. јули 2014 (ИНПРЕС) – Ново истражување покажало дека чадорите за сонце не го спречуваат минувањето на штетните зраци кои доаѓаат од сонцето.

Научниците од Универзитетот во шпанскиот град Валенсија спровеле интересно истражување во кое поставиле сензор за ултравиолетово зрачење на основата на чадорот за да видат дали зраците минале низ чадорот.

Научниците откриле дека 34% од UV зрачењето минале низ чадорот, што значи дека личноста која лежи под чадорот не е заштитена од овие штетни зраци.

Чадорот го задржува директното зрачење кое доаѓа од сонцето, но дел од распрснатото зрачење, на кое вкупно отпаѓаат 60 % од зрачењата, доаѓа до земјата. (Крај)

извор: Health фото: архива