Missing image

Кога е топло гасете жед со обична вода и растителни чаеви

Њујорк, 1. август 2014 (ИНПРЕС) – Организмот ги апсорбира полесно и побрзо калориите од пијалоците, а не од цврстата храна, тврдат научници од Универзитетот на Северна Каролина, САД.

Притоа, за последните 35 години количеството на калориите кои се добиваат за  време на пиење е зголемено 2 пати, покажуваат податоците собрани од научниците.

Одамна е позната препораката на диетолозите дека човекот  секој ден треба пие не помалку од два литри течности. Но, на почетокот од 20 век, кога за првпат сепродискутирало за ова, станува збор за вода.

Денес се помалку луѓе сакаат да ја задоволат жедта со вода. Се почесто тие пијат газирани пијалоци и сокови. Како резултат на тоа од почетокот на 70-те години на минатиот век калориите кои човек ги добива при задоволувањето на жедта се зголемени двапати. А  вишокот калории се закануваат со зголемена тежина, дијабетес и други здравствени проблеми.

Диетолозите ги класифицирале пијалаците во 6 групи – од повеќе од помалку посакувани (т.е. корисни). На прво место е водата, следи чајот и кафето без шеќер, на трето – млекото, на четвртото – слатките пијалаци и соковите, на петтото – енергетските пијалаци, на шесто – алкохолот.

Најмногу опасни во однос на зголемената телесна тежина се калориите од овошните пијалаци, особено оние кои содржат шеќер или  замена за шеќер.

Покрај тоа калоричните пијалаци имаат и уште еден страничен ефект – тие не тераат за јадеме повеќе. Затоа експертите советуваат да се користи претежно обична вода и растителни чаеви. (Крај)

извор: Health фото: архива