Missing image

Хорхе Лоренцо триумфираше на трката за ГН на Катар

Катар, 21. март 2016 (ИНПРЕС) – Одбраната на титулата во кралската класа во Мото ГП шампионатот , возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо ја започна со победа на трката за Големата награда на Катар.

Лоренцо на патеката „Лосаил“ за две секунди беше побрз од возачот на Дукати, Андреа Довициозо, кој го освои второто место.На победничкиот пиедестал како трет им се придружи Марк Маркез возачот на Репсол Хонда.

Првенството во кралската класа во Мото ГП шампионатот продолжува на 3.април со трката за Големата награда на Аргентина. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива