На Состанок на Комитетот на НАТО усвоени новите Партнерски Цели 2016 за Република Македонија

Скопје, 12. април 2016 (ИНПРЕС) – Во седиштето на НАТО во Брисел, се одржаа редовните ПАРП мултилатерални консултации меѓу земјите членки на НАТО и Република Македонија, на кои се разгледуваат достигнувањата во спроведувањето на реформите во одбраната и достигнатиот степен на интроперативност на Армијата на Република Македонија со земјите членки на НАТО.

На состанокот беа усвоени и новите Партнерски Цели 2016 за Република Македонија.

Делегацијата од Министерството за одбрана ја предводеше државниот секретар, Елизабета Чуповска Ристова.

Државниот секретар Чуповска Ристова во своето обраќање пред Комитетот на НАТО ја истакна важноста на ПАРП процесот за Македонија притоа додавајки дека преку истиот се постигна значаен прогрес во имплементрање на одранбените реформи и зајакнување на одбранбените капацитети и способности. Таа дополнително информираше за статусот на реформите и за плановите на Министерството за одбрана за понатамошен развој на способностите, со посебен акцент на Плановите за опремување и модернизација. Исто така, државниот секретар Чуповска Ристова информираше дека Министерството за одбрана ќе посвети внимание на ажурирање на стартегиската рамка во координација со надлежните институции во државата кои имаат удел во безбедноста и одбраната. Се осврна и на посветеноста на Македонија за континуиран придонес во меѓународните операции и на интензивната регионална соработка во областа на одбраната.

Една од темите за кои се дискутираше беше и мигрантската криза за која Чуповска Ристова истакна дека е сериозен безбедносен предизвик, со кој Република Македонија успешно се справува водејќи сметка и за хуманитарниот аспект на истата. Притоа таа рече дека како резултат на новата безбедносна состојба, Министерството за одбрана ќе посвети посебни внимание на подобрување на капацитетите за поддршка на државните институции.

Од страна на претставниците на Комитетот беа искажани позитивни оценки за досегашниот процес на одбранбени реформи, за придонесот во операции и за регионалната соработка. Беше истакнато и дека на Република Македонија се гледа како извозник на безбедност. Воедно беше споделена оценката дека иако постојат предизвици, сепак Република Македонија е најсериозен партнер на Алијансата и дека и понатаму останува еден услов за покана за членство во НАТО, односно прашањето за името. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива