Магдалена Ена по две години пауза се враќа со нов сингл и спот

Скопје, 24. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Mагдалена Цветкоска Ена по извесен период пауза најавува враќање на музичката сцена со песната „Плачат и Најсилни“.

Автори на песната се Магдалена и Лазар Цветкоски, а видеото е во продукција на Горила Филмс, во режија на Горан Костадинов, а директор на фотографија е Ѓорѓи Клинчаров. Видеото се снимаше на повеќе локации во стара напуштена фабрика, околу манастирот Трескавец и мариовскиот регион.

„Плачат и најсилни“ е и најава на вториот албум на Ена кој се работи интензивно во студиото LCV. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива