“Електрични оргазам” и “Бернајс Пропаганда” на фестивалот “Битола Отворен град 2016”

Битола, 24. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Познатиот белградски рок бенд “Електрични оргазам”, како и хероите на македонската независна музичка сцена “Бернајс Пропаганда” се главни звезди на фестивалот “Битола Отворен град 2016” во организација на Младински културен центар Битола.

Двата рок бенда утревечер (сабота 25 јуни) ќа настапат на големата сцена под отворено небо на Широк Сокак, при што големиот музички хепенинг е отворен и бесплатен за сите посетители.

Легендарната рок атракција“Електрични оргазам” премиерно настапува во Битола.

Секогаш револуционерни во својот музички израз, “Бернајс Пропаганда” со четири студиски изданија и повеќе стотици концерти, важат за еден од водечките алтернативни бендови од регионот.

Во Битола ќе биде претставен нивниот нов албум „Политика“ објавен во соработка со независната словенечка етикета „Мунли рекордс“.

Заради атрактивноста на главните звезди, како и заради традицијата, главниот музички хепенинг на фестивалот “Битола отворен град” да го посетува над 4.000-на публика од земјата и странство, годинава се очекува уште поголем број фанови што уште еднаш ќе го потврди статусот на главниот настан како најмасовен музички настан во Битола секое лето. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива