„Командант Сула“ од Косово екстрадиран во Македонија

Скопје, 24. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Педесетипет годишниот Сулејман Османи, познат и како „Командант Сула“, е екстрадиран од Косово, каде што во јули минатата година беше уапсен по распишана меѓународна потерница во Македонија.

Од Министерството за внатршни работи ги потврдуваат претходните извештаи на медиумите на албански јазик, дека Османи е предаден на Македонија.

Таканаречниот „Командант Сула“ е обвинет за низа кривични дела поврзани со терористичкиот напад во кумановската населба „Диво насење“ минатиот јуни, кога во судир со милитантната доброи вооружена и дубро увежбана група беа убиени осум македонски полицијци.

Османи претходно беше уапсен во Македонија, меѓутоа под чудни околности со лисици на рацете, успеа да ѝ избега на полицијата додека го покажуваше теренот во Гошинце каде претходно дејствувал со терористичката група. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива