Велика Британија ја напушта ЕУ

Лондон, 24. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Британците на вчерашниот референдум се изјаснија за напуштање на Европската унија. На историскиот референдум 52 проценти од Британците се изјаснија за напуштање на унијата по цели 43 години во европското семејство.

Утринава премиерот Дејвид Камерон најави дека поднесе оставка од функцијата, а на премиерското место останува во наредниоте три месеци.

На референдумот излегле речиси 72 отсто од жителите на Велика Бротанија, околу 15 милиони гласале Велика Британија да излезе од ЕУ, а подржувачите на ЕУ добиле околу еден милион гласови помалку.

Инаку, според претседателот на Европската народна партија, водечката партија на десниот центар во Европскиот парламент, Манфред Вебер, се очекува Велика Британија во наредните две години целосно да излезе од ЕУ.

Конечните резултати во Шкотска и Северна Ирска покажуваат дека мнозинството жители на овие покраини се изјасниле за останување на Велика Британија во ЕУ. За разлика од нив, жителите на Велс се изјаснија за Брекзит. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива