Леброн Џејмс останува во Кливленд

Кливленд, 24. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Предводникот на Кливленд,Леброн Џејмс ги отфрли шпекулациите дека ќе го напушти клубот, откако суперѕвездата на Кавси изјави дека ќе остане во тимот, а потпишувањето на нов договор е многу блиску.

Џејмс ова лето стана слободен агент, но јасно стави до знаење дека нема намера да ги смени клупските бои идека му се допаѓа во Клувленд.

Леброн во Кавалирс се врати во 2014 година, после четири сезони поминати во Мајами, а со Кливленд оваа сезона ја освои првата титула во историјата на клубот. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива