Антоан Гризман во Атлетико Мадрид до 2021 година

Мадрид, 24. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Еден од најдобрите играчи и прв стрелец на европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, попиша нов договор со клубот од „Висенте Калдерон“.

Управата на клубот на својата интернет страница соопшти дека новиот договор на Гризман ќе важи до 2021 година. Французинот беше трансфер цел на неколку познати европски тимови, но реши да остане во тимот од Мадрид.

Минатата сезона тој постигна 22 гола во Примера и седум во Лигата на шампионите. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива