Првиот пик на НБА драфтот Бен Симонс, нов играч на Филаделфија

Лас Вегас, 24. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Австралиецот Бен Симонс од Универзитетот ЛСУ, е избран како прв пик на годинешниот драфт во НБА лигата.

Студентот за кого стручњаците велат дека може да биде новиот Меџик Џонсон или Леброн Џејмс, професионалната кариера ќе ја започне во екипата на Филалделфија.

Втор пик е Брендон Инграм, крилото на Дјук ќе оди во ЛА Лејкерси, овој играч го споредуваат со Кевин Дурент, трет е Џилијен Браун кој е избран од страна на Бостон Селтикс. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива