Missing image

Вечерва Промоција на „Единаесет ирски поети“ во рамките на Поетска ноќ во Велестово

Охрид, 16. јули 2016 (ИНПРЕС) – Дваесет и осмото издание на Поетска ноќ во Велестово, продолжува вечерва со Промоција на „Единаесет ирски поети“ Избор од современата ирска поезија.

Препевот на поезијата е на Јулијана Величковска и Василка Пемова, во издание на ПНВ Публикации Скопје.

Промотор на делото ќе биде Димитар Пандев.

Со свои стихови ќе се претстават ирките поети: Били Рамзел, Алва Ни Гиарвуи, Патрик Котер и Џери Марфи.

Настанот е со почеток во 21 часот пред Домот на културата во Велестово. (Крај)

извор: Инпрес фото: Поетска ноќ Велестово