Missing image

Недоволната физичка активност доведува и до психички проблеми

Стратклајд, 2. август 2014 (ИНПРЕС) – Недостатокот на движење го загрозува здравјето на човекот, и придонесува, не само до прекумерна телесна тежина, туку и за психички проблеми, почнувајќи од депресивни состојби до сериозни психички заболувања.

Според британските научници, денес во Европа само 35% од мажите и уште помалку – 24% од жените ја одржуваат својата физичка активност на оптимално ниво.

Проф Нанет Матрај, експерт за спортска физиологија на Универзитетот во шкотскиот град Стратклајд истакнува дека луѓето неодамна ја забележаа врската помеѓу неактивноста и психичкото растројство.

– Денес постојат јасни докази за тоа дека физичката активност може да ја спречи депресијата, вели Матрај.

Кај луѓето кои не водат доволно сметка за редовното движење и рекреацијата, ризикот да паднат во депресивни состојби е 2 пати поголем во споредба со оние кои се движат повеќе. Голем број истражувања покажуваат дека физичкото оптоварување е најдобро средство за лечење на депресијата. Истражувачите од англискиот град Бристол утврдиле дека физичката активност го намалува за 1/3 ризикот од развојот на Алцхајмерова болест. Научниците го објаснуваат овој факт со подобрувањето на функционирањето на кардиоваскуларниот систем и промените во хемиските процеси кои се вршат во главниот мозок.

Џуди Батрис – генерален директор на Британската организација за проблемите за исхраната истакнува дека во последните години властите се фокусирани силно на здрава исхрана, но ја ставија во позадина потребата од движење.

Британското Министерство за здравство ги утврдува нормите за физичката активност за зрелите луѓе на следниов начин: движење или вежбање 30 минути дневно 5 пати неделно.

Според податоците од различни студии многу малку луѓе ги исполнуваат овие препораки. Особено загрижувачка е состојбата кај децата – скоро сите од нив сакаат активности кои не бараат физички напор. (Крај)

извор: Health фото: архива