Missing image

Нов циклус на „Отворени денови со Катастарот“

Скопје, 5. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Агенцијата за катастар на недвижности од утре до 2 февруари следната година ќе организира нов циклус „Отворени денови“ за решавање нејаснотии и проблеми поврзани со катастарското работење, на кои, покрај граѓаните, првпат ќе може да учествуваат и приватни геодетски фирми и компании.

Денот посветен за компаниите ќе биде искористен за обуки, консултации и решавање посложени проблеми од тековното работење.

Како што најави директорот на Катастарот Славче Трпески, активностите за „Отворените денови“ почнуваат утре за граѓани и задутре за бизнис секторот и за приватните геодетски фирми во Велес и во Штип, а ќе продолжат на 12 и 13 месецов во Охрид и во Струга. За жителите на скопските општини Гази Баба, Кисела Вода и Петровец, циклусот „Отворени денови со Катастарот“ ќе трае од 17 до 21 октомври.

Во тек на ланските отворени денови на Катастарот стручните тимови примиле 2.934 граѓани. На 800 им е решен проблемот, а другите добиле стручна помош за документи за комплетирање барања за впишување во катастарот на недвижности. Најчесто поставувале прашања за сосопственички права произлезени од авионските снимања, за легализација на имоти и за останати прашања од имотно-правен карактер. Благодарение на информаците од граѓаните, како што рече Трпевски, се направени неколку подобрувања на Законот за катастар на недвижности и на подзаконски акти. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива