Missing image

Снегот ќе дојде порано од очекуваното, метеорлозите за Нова година предвидуваат дожд

Скопје, 18. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Долгорочните прогнози на метеоролозите велат дека снегот оваа година ќе дојде порано, и дека ќе вее неколку дена во серија.

Не се очекуваат услови за тој да се задржи на почвата, барем не до почетокот на декември. Првите врнежи се очекуваат на средина од идниот месец, додека можност да се задржат на почвата ќе има дури во првата и втората недела на декември.

Околу новогодишните празници сега за сега се очекува дожд.

Долгорочните прогнози не се прецизни и податоците се користат како ориентација. (Крај)

извор: Wather4All/Метео/МетеоПро фото: архива