Собранието се распушти, денес се распишуваат предвремените парламентарни избори

Скопје, 18. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Со мнозинство од 110 гласа, „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, осмиот состав на македонското собрание се распушти на две години пред истекот на мандатот, за да го отвори патот кон одржувањето избори на 11 декември, како што беше договорено меѓу четирите најголеми политички партии во т.н. пржински процес.

Претседателот на парламентот Трајко Вељаноски денеска ќе ги распише предвремените парламентарни избори.

Собранието имаше збиена агенда на последниот ден од своето функционирање. Неговата прва задача беше да го донесе буџетот за 2017 година. Наместо пет дена, колку што изнесува максималниот рок за дискусија за да се усвои државниот буџет, овој пат, иако станува збор за најголемиот буџет во историјата на земјата, сѐ заврши за само два часа. (Крај)

извор: МИА фото: архива