Missing image

Апел за помош за пронаоѓање на исчезнато лице од Струга, Анита Матлијоска Кочовска!

Струга, 18. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Семејството и пријателите на Анита Матлијоска Кочовска од Струга, која е исчезната, упатуваат апел до сите граѓани кои можат да помогнат со било каква информација.

Девојката има 30 години и црна коса. Последен пат била забележана наспроти „Рамстор“ после пазарот во Струга на 16-ти октомври, околу 8:20 часот наутро. На себе носела темно кафена јакна, црни пантолони и бели патики.

isceznataanita2

Најблиските се сомневаат во која насока можела да замине Анита, не знаат дали од „Рамстор“ се упатила кон езерото или кон градските гробишта.

Граѓаните кои имаат било каква информација можат да споделат на нивните Фејсбук профили или да ја информираат полицијата. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива Фејсбук