На 27 октомври избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид

Скопје, 18. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Во Државната изборна комисија денес Министерството за внатрешни работи треба да ги достави бараните податоци за граѓаните.

На 27 октомври ДИК треба да го стави избирачкиот список на јавен увид, кој ќе трае 15 дена, односно до 11 ноември.

На 18 ноември ДИК треба да ги објави во дневен печат листите со кандидатите за пратеници.

Следниот рок, 21 ноември, започнува изборната кампања која завршува на 9 декември. На 22 ноември, ДИК ќе им го достави избирачкиот список на политичките партии, кои имаат рок од пет дена за да достават барање за запишување, дополнување и бришење податоци. На 27 ноември, ДИК го потпишува избирачкиот список. И крајниот рок е 11 декември, кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива