Припадниците на Армијата спречија обид за нелегално поминување на државната граница

Богданци, 21. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ) од составот на баталјонот на Воена полиција (бВП) во раните утрински часови во близина на браната Паљурци на правецот кон Богданци во пограничното подрачје на територијата на Република Македонија, успешно спречија обид за криумчарење на мигранти во моторни возила кои биле управувани од македонски државјани.

Припадниците на бВП акцијата ја спроведоа со примена на тактики, техники и процедури, при што спречија обид за нелегално минување на 11 (единаесет) странски државјани од кои 6 (шест) се деца. Согласно надлежностите, возилата со возачите и нелегалните минувачи се обезбедени и предадени на надлежните органи од МВР во чија надлежност е понатамошната постапка.

Успешно изведената акција е класичен пример за високиот степен на обученост и професионализам на припадниците од бВП, кои во рамките на нивните овластувања ги извршуваат доделените задачи за поддршка на органите на МВР во обезбедување на државната граница. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива