Отворен третиот маркет на КАМ во Струга

Струга, 22. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Денес во Струга беше свечено отворен третиот КАМ маркет, лоциран во непосредна близина на Градскиот пазар на 360 м2 продажна површина.

Покрај постоечките маркети во Струга, до бензинската на „Макпетрол“ и наспроти мебел „Љачка“ на ул. „Партизанска“, со новиот маркет приватните марки на КАМ производите со врвен квалитет и ниски цени, ќе станат уште подостапни до големиот број жители од Струга и околината.

– Во КАМ маркетите вашите пари вредат повеќе. Строгата контрола на квалитетот и ниските цени во КАМ маркетите Ви овозможуваат да ги почувствувате извонредните вкусови на производите од приватните марки на КАМ со Европски квалитет и најниски цени. Проверете зошто мудрите го одбраа КАМ. Купувајте квалитет и заштедете. КАМ Ве поканува да го почувствувате вистинскиот европски квалитет на реномирани производи од палетата на приватни марки и ексклузивни производи кои можете да ги најдете само во КАМ. Дознајте кои се најпродавани производи во Германија (Европа). Јаки приватни марки, јаки ексклузивни производи – Изборот е твој. Спореди и заштеди. КАМ маркет – секогаш свежо, секогаш квалитетно, секогаш евтино, порачуваат од КАМ маркетите. (Крај)

kamstruga2kamstruga5

kamstruga6