Денеска сончево, од утре пад на дневните температури и дожд

Скопје, 25. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Денеска времето во попладневните часови ќе биде сончево со мала доумерена облачност.

Претпладне има појава на ниска облачност и слаба магла.

Максималните дневни температури ќе се движат од 14 до 23 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот ќе има локални врнежод дожд.

Променливо облачно и студено време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува и в четврток, кога се очекуваат и нешто пообилни врнежи, особено во јужните делови. Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во сабота претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.

Од утре попладне ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика значително опаѓање на температурите за 7 до 10 степени, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива