Нема промени на цените на бензините

Скопје, 31. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Малопродажните цени на бензините и на дизел горивата ќе останат непроменети и во наредните 14 дена, потврди Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС-95 и натаму се продава по цена 63,00 денари за литар, Еуросупер БС-98 – 65,00 ден/лит, Еуродизел (Д-Е V) за 50,00 ден/лит.

Екстра лесното масло за домаќинство се продава по цена од 38,50 ден/лит. За 0,513 денари поскапува мазутот М-1 НС и ќе чини 24,591 денари за килограм. (Крај)

извор: erc фото: архива