Обуки за истражувачко новинарство, наменети за граѓански организации и медиуми

Скопје, 31. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Граѓанската асоцијација МОСТ, во партнерство со Институтот за мас медиуми и комуникации и во соработка порталот Нова ТВ во рамките на проектот „Медиа платформа за застапување”, организира серија на бесплатни обуки за застапување и истражувачко новинарство, наменети за граѓански организации и медиуми (новинари).

Обуките ќе се одржат во сите 8 плански региони во Македонија.

Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во процесот на застапување, зајакнување на улогата на новинарите и нивните истражувачки стории, како и зголемување на нивната меѓусебна соработка преку спроведување на заеднички кампањи за застапување на интересите на граѓаните.

Распоредот на првите 4 обуки е следниот:

Вардарски: Свети Николе, Велес, Лозово, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Демир Капија, Кавадарци – од 4-ти до 7-ми ноември.

Североисточен: Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово, Крива Паланка – од 11-ти до 14-ти ноември.

Полошки: Маврово и Ростуша, Гостивар, Брвеница, Врапчиште, Желино, Боговиње, Тетово, Теарце, Јегуновце – од 18-ти до 21-ви ноември.

Скопски: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Чаир, Центар, Шуто Оризари, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Арачиново, Илинден, Чучер-Сандево – од 16-ти до 19-ти декември. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива