Тајзи и Спејко со нова песна

Скопје, 31. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Тајзи по објавувањето на темата „Револуција“ најави нова соработка со Дарко Спејко.

Песната е на македонски и српски јазик, а видеото треба да излезе наскоро.

„Вози“ е уште еден проект од моментално најактуелната балканска продукција „Балкатон“. Музиката е на Слободан Вељковиќ- Цоби автор на многу балкански хитови, а додека видеото е во режија на Владимир Дади Ивановски. Македонската верзија пак е дело на Лазар Цветковски, кој работи и на албумот на Тајзи, од кој ќе чуеме уште неколку песни до Нова Година.

Во спотот за песната „Вози“ се појавуваат повеќе ликови и статисти, а како денс екипа се девојките од студиото „Брејк а Лег“. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива