Кривична за жител на струшко Велешта поради кражба на дрва и прегазување на полицаец

Струга, 1. ноември 2016 (ИНПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 24- годишниот Б.Ќ. од струшкото село Велешта под сомнение дека сторил казнено дело „спречување службено лице во вршење службени дејствија“.

На 23-ти минатиот месец на регионалниот пат Струга-Дебар, пријавениот бил забележан со товарно моторно возило марка „Мерцедес“ како превезува огревно дрво. При контрола и преглед на возилото, патролата на шумската полиција констатирала дека приколката од камионот била натоварена со осум метри просторни дабово огревно дрво, за кое пријавениот Б.Ќ. не поседувал соодветна документација.

Тој по констатирањето на прекршокот, побарал од двајцата шумски полицајци да не му пишуваат пријава. Откако барањето му било одбиено, пријавениот Б.Ќ. го стартувал возилото и директно загрозувајќи ја безбедноста на еден од шумските полицајци кој бил пред товарниот камион, успеал да избега кон селото Велешта. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива