Неработни денови до крајот на годината

Скопје, 1. ноември 2016 (ИНПРЕС) – Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика информира дека во месеците ноември и декември остануваат уште неколку неработни денови.

За сите граѓани на Република Македонија неработен ден е 8-ми декември (петок), кога се слави државниот празник Св. Климент Охридски.

За граѓаните од католичка вероисповед неработен ден е 25-ти декември, понеделник, првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ неработен ден е 22-ри ноември, среда, Денот на Албанската азбука, додека за граѓаните припадници на турската заедница неработен е Денот на настава на турски јазик, кој се одбележува на 21-ви декември, четврток. (Крај)

извор: mtsp фото: архива